Бизнис

Унгарската компанија „4иГ“ единствена дала понуда за трет мобилен оператор

Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тендерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година. Министерот за транспорт кажа дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија.

Само една понуда стигнала на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобрение за нов мобилен оператор. Понудата е од „Оне Македонија телекомуникации“, македонска фирма на унгарската телекомуникациска компанија „4иГ“. На јавното отворање на понудите што се одржа денеска во АЕК, Комисијата за спроведување на тендерот рече дека понудувачот ги доставил сите документи и сега ќе се врши нивна евалуација, по што ќе се изготви извештај до директорот на АЕК со предлог што да се направи како следен чекор. Бидејќи има само една понуда, ќе нема јавно наддавање.

Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тендерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски кажа дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија.

  • „Конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор  во државава, еве влегува, зависи само од постојните два оператори. За жал, во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените, рече Николоски, на новинарско прашање пред денешниот состанок со раководството на Стопанската комора.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија лани беше во првите пет во Европа на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни, рече премиерот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10Д и за другите инвестиции и во релација со економијата посочи на факти за раст на БДП, според кои и 2024 и 2025 година Македонија е во првите 5 во Европа според растот на БДП, за разлика од минатата влада кога Македонија по овој параметар беше последна во регионот.

Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

Азески, како член на Советодавниот одбор, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок  посветена на  долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Колку работниците ќе излезат на улица на толку ќе им ги зголемат платите, велат од ССМ

Сите патишта водат кон Скопје, рече претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафило и ги повика работниците од целата држава да се приклучат на протест во Скопје за повисоки плати и подобар работнички стандард. Големиот работнички протест, како што рече почнува во 12:05 минути пред зградата на ССМ, а барањата остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции

Нафта скокна над 100 долари за барел, се стравува од нов шок

Цената на нафтата од ноќеска повторно се искачи над 100 долари за барел, неколку дена откако го достигнаа максимумот. Од бизнис еснафот стравуваат од можни ценовни шокови, односно ако кризата продолжи, тоа ќе влијае врз глобалните залихи на гориво.

To top