Бизнис

(Видео): Без консултации со бизнис-заедницата нема економски развој на државата, вели бизнисменот Илиевски

Зборувајќи за предизвиците со кои се соочува бизнис-заедницата, Илиевски посочи дека еден од клучните проблеми е отсуството на навремени и суштински консултации со бизнисот при креирањето и донесувањето на законските решенија.

„Чест ми е што сум активен член на Управниот одбор на Стопанската комора, која дефинитивно ја етаблира бизнис-климата во Македонија“, истакна Зоран Илиевски, главен оперативен директор и менаџер за развој на бизнисот во „Актива“ од Штип и член на УО на Стопанската комора, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески. Според Илиевски, Стопанската комора е клучно место каде што континуирано се вложуваат напори за подобрување на бизнис-климата во нашата земја. Тој нагласи дека во Управниот одбор членуваат млади луѓе со јасна визија Македонија да стане подобро место за живеење и работа, но потенцираше дека без активно вклучување на сите релевантни чинители – со цел подобро образование, здравство и институционален систем – тие цели не можат да се постигнат.

  • „Работата на Комората на трите развојни компоненти не е можна без силни институции и без соработка со образовниот сектор. Без регионална соработка, барање регионални пазари и без подобрување на извозната компонента ние не можеме да се надеваме на раст на економијата и на подобар живот. Мора да се фокусираме на тоа да донесеме девизни приливи во државата за да бидеме посигурни и економски посилни“, изјави Илиевски.

Зборувајќи за предизвиците со кои се соочува бизнис-заедницата, Илиевски посочи дека еден од клучните проблеми е отсуството на навремени и суштински консултации со бизнисот при креирањето и донесувањето на законските решенија.

  • „Немањето долгорочни политики на државата или промените што се случуваат, а за кои, притоа, не е консултиран бизнисот при носењето одлуки, директно влијаат врз бизнис-плановите и врз инвестициските циклуси што ги планира една компанија“ и додава: „Бизнисот да им се остави на бизнисмените за да создаваат профит и вредност, а државата да има улога на регулатор.“

Според Илиевски, политичките структури секогаш декларативно промовираат дека ќе му помогнат на бизнисот, но во пракса таа поддршка е ограничена.

  • „Политичките структури постојано нагласуваат дека ќе му помогнат на бизнисот и дека Македонија ќе ја позиционираат на повисоко ниво со иновативен и технолошки развој, но во овие 15-ина години компаниите самите си го трасираат патот. Нема некоја директна вклученост на државата во подигнувањето на некоја компанија и во нејзиното искачување на повисоко ниво, особено извозно ориентирана компанија“, изјави Илиевски.

Осврнувајќи се на квалитетот на образованието, тој истакна дека знаењата и искуството стекнати на факултет му помогнале да премине од еден конвенционален начин на работење кон дигитализација и автоматизација на процесите во компанијата. Сепак, нагласи дека формалното образование не е доволно само по себе и дека континуираното вложување во знаењето и во вештините на вработените е клучно за раст на компанијата.

  • „Доколку не се врши континуирана едукација на кадарот и следење на иновациите и технологиите, не може да се биде добро позициониран или да се биде партнер на листата на добавувачи кај компаниите кои ги евалуираат сите аспекти од работењето на една компанија.“

Во рамките на својот професионален развој, Илиевски ја завршил Програмата за извршни директори на Школата за менаџмент „Келог“ во Еванстон, Илиноис, САД, организирана од „Македонија 2025“.

Најнови вести од: Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

Се враќаат парите од солидарниот данок – дел сега, дел в година

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

To top