Бизнис

(Видео): ИПАРД парите повторно достапни за македонските земјоделци

Средствата од програмата ИПАРД се повторно достапни – објави денеска на вонредна прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски откако во ноември лани Министерството за финансии времено ги стопира исплатите по корупцискиот скандал поврзан со распределба на ИПАРД средствата, во кој беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка.

Пристигна официјално известување од страна на Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласностр со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на средствата од ИПАРД-програмата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат одговорно, транспарентно и во интерес на македонските земјоделци – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Тој на прес-конференција објасни дека Брисел никогаш не ги блокира средствата, туку дека во моментот кога излезе во јавност случајот со злоупотребата на претходниот директор на Платежната агенција, се активира националниот механизам, кој го извести Брисел.

  • Го известивме Брисел дека е потребно да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка, со што инициравме на транспарентен начин да се проверат сите активности поврзани со средствата од ИПАРД-фондовите. Тоа беше препознаено како одличен чекор од Брисел, со тоа што навремено се интервенира во оваа ситуација. Следуваше темелна проверка од ИПАРД-структурата по што се достави сеопфатна информација до европските институции во согласност со воспоставените процедури. Со ова сакам да ги демантирам и шпекулациите што тенденциозно се пласираа во јавноста од страна на опозицискиоит СДСМ. Сакајќи да создаде лажна слика, паника и револт кај македонските земјоделци, СДСМ тврдеше дека ИПАРД-средствата се блокирани, а земјоделците ќе останат без поддршка. Но денес, по којзнае кој пат, нивните лаги паѓаат повторно во вода – потенцира министерот.

Според него, вистината излезе на виделина.

  • Додека СДСМ се служи со конструкции и е заглавен во старата матрица на ширење лаги, манипулации, мислејќи дека на тој начин ќе обезбеди некој политички поен, ние како Влада носиме резултати и обезбедуваме пари за нашите земјоделци. Во тоа е разликата помеѓу нас. Наместо политиканство и дезинформации, ние избравме транспарентност, соработка со европските институции и заштита на секој денар наменет за македонските земјоделци – рече Трипуновски.

Министерот упати порака до земјоделците – да продолжат да аплицираат, да инвестираат и да го развиваат нивното производство.

  • Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство стојат позади вас. Продолжуваме со инвестиции, модернизација и развој на овој важен сектор за нашата држава. Ќе продолжиме со уште позасилено темпо да работиме посветено, чесно и одговорно, во интерес на граѓаните, со нулта толеранција за злоупотреби, со целосна транспарентност и со максимална поддршка за македонските земјоделци, нагласи министерот Трипуновски.

Најнови вести од: Бизнис

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на средба во Еurochambres во Брисел

Соговорниците се согласија дека стопанските комори имаат значајна улога во поддршката на реформските процеси, јакнењето на конкурентноста на компаниите и во продлабочувањето на економската соработка меѓу Европската Унија и земјите кандидати за членство.

„H&M“ на големо затвора продавници – Клуч на вратите за уште 170 дуќани низ цел свет до крај на 2026

Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови.

Атина доби конкуренција, Софија сака да биде регионален лидер во ископот на бакар, Скопје само ја следи битката

Додека соседството дава приоритет на рударската индустрија поради новите европски директиви и геополитичката состојба, Македонија стагнира и не го користи својот потенцијал на бакар во Иловица.

Македонија на нова енергетска мапа

Македонија направи еден од најзначајните чекори во својата енергетска политика во последната деценија. За првпат националниот оператор за пренос на природен гас НОМАГАС учествуваше на состанокот на операторите на системите за пренос на природен гас што се одржа на 10 јули во Атина, со што земјата официјално се приклучува кон процесот на проширување на иницијативата „Вертикален коридор“.

Платите, цените и кошницата не стигнаа на седницата на ЕСС, за ова ќе се дискутира наскоро

Државниот пазарен инспекторат извршил контрола на околу 700 производи, при што било утврдено дека во периодот од мај 2025 до мај 2026 година просечните набавни цени се зголемиле за 2,66 проценти, додека продажните цени пораснале за 4,56 проценти.

Вие сте дел од иднината на централното банкарство, им рече Гувернерот Славески на студентите практиканти

Студентите практиканти ќе имаат можност да се запознаат со работата на различни организациски единици на Народната банка, вклучително монетарната политика и истражувањето, финансиските пазари, статистиката, информатичката технологија, правните работи и трезорското работење, стекнувајќи поширока слика за функционирањето на една современа централна банка.

To top