Бизнис

(Видео): Камиони пред седиштето на ЕУ во Скопје, возачите бараат трајно решение

Превозниците излегоа на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје, барајќи решение за престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната и најавувајќи можни блокади.

Со свирежи во знак на револт камиони и товарни возила дојдоа на протест пред седиштето на ЕУ во Скопје. Бараат решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната. Протестот е предупредувачки и се одржува во пресрет на состанокот на Работната група во Брисел, од кој превозниците очекуваат конкретно решение за нивниот статус.

Проблемот произлегува од правилото 90/180 на Европската Унија, според кое државјаните на трети земји можат да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена. Според превозниците, ова правило создава сериозни потешкотии за професионалните возачи кои редовно работат на територијата на земјите од Шенген-зоната.


Од „Макам-транс“ порачаа дека протестот е аларм до Европската Унија, која, според нив, во изминатите седум месеци не покажала подготвеност за надминување на проблемот.

  • „По седум месеци сѐ уште не е надминат проблемот со престојот. Бидејќи септември е почеток на поинтензивен работен период, сакаме да испратиме јасна порака дека е потребно конечно да се направи нешто. На 1 септември се очекува средба на претставници на сите земји од Шенген-зоната, на која бараме нашето прашање да биде ставено на дневен ред“, изјави  генералниот секретар на „Макам-транс“, Биљана Муратовска.

Со проблемот се соочуваат околу 17.000 професионални возачи од земјава, а на ниво на држави од Западен Балкан бројката се искачува на 100.000.

Владата прави сè да им помогне на превозниците за надминување на проблемот со земјите од Шенген зоната. Министерството за транспорт соопшти дека има целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери. Освен во Скопје, протести на превозници се одржаа и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Доколку на состанокот во Брисел не биде понудено преодно решение за престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната, предложено е на 14 септември да се организираат протести и блокади на граничните премини во повеќе земји од Западен Балкан.

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top