Бизнис

Во игра три понуди – Кој ќе го гради автопатот Букојчани-Кичево?!

Вицепремиерот Николоски најави дека по завршувањето на изборите и според него извесната победа на кандидатот за градоначалник на Гостивар на Влен и коалициски партнер кој има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и каолицијата,  за општина Гостивар ќе има специјална програма преку Министерството за транспорт.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски уверува дека Гостивар ќе стане центар со автопатско и железничко поврзување со тековните проекти за автопатите во изградба Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, за новата делница Букојчани-Кичево и најавената рехабилитација на пругата Скопје-Кичево. Ветува специјална  програма за поддршка на оваа општина по локалните избори, откако преку двата повика на Владата за проектите со коишто аплицрала биле одвоени девет милиони евра.

  • Имаме сериозна поддршка за општина Гостивар, во првиот повик што се реализираше минатата година вкупната поддршка е 160 милиони денари, а дел од тоа е и за ул. „Мара Угринова“ на која се работи, а во вториот повик кој заврши пред распишување на изборите имаме 39 проекти и поддршка од 380 милиони денари, или заедно 540 милиони денари, над девет милиони евра како директна поддршка на општина, изјави Николоски. 

Вицепремиерот Николоски најави дека по завршувањето на изборите и според него извесната победа на кандидатот за градоначалник на Гостивар на Влен и коалициски партнер кој има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и каолицијата, за општина Гостивар ќе има специјална програма преку Министерството за транспорт.

  • Подготвените проекти ќе ги реализираме веднаш. Тоа ќе зависи од подготвеноста на општината, а заеднички ќе работиме на подготовка на нови проекти што потоа би ги реализирале, посочи Николоски. 

Исткна дека кога ја презеле власта  наследиле само потпишан договор и непочнати работи на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, но оти по преземените активности сега на двата патни правца се работи интензивно.

  • Експропријацијата е скоро завршена, сега се работи на дислокација на водови и отстранување на одредени објекти кои се на трасата. Дополнително на тоа,  Гостивар-Букојчани е најтежок инженерски потфат, од 32 километри 17 се пробиени. Во  март ќе почне да се гради и од делот од Букојчани кон Гостивар, првпат во Македонија, ќе се гради автопат од две страни и да се спои практично на средина, рече Николоски. 

Тој потврди дека на јавниот повик за  избор на изведувач на автопатот Букојчани-Кичево има три понуди, а следува евалуација и избор на најдобрата.

  • Очекувам во март да имаме вовед во работа. Ако на тоа надоврземе дека на автопатот Кичево-Охрид веќе пуштивме 34 километри, а активно работиме на пуштање и на останатите тоа би значело дека некаде крајот на 2028 почеток на 2029 Гостивар навистина ќе стане центар затоа што ќе има комплетно автопатско поврзување на Коридор 8 од една страна и од друга странаод Охрид преку Кичево, Струга, Граничниот премин Ќафасан и спојот со Албанија, што очекувам дека многу ќе помогне во развојот на економијата и трговијата, изјави Николоски.

  • Владата веќе усвои грант од ЕУ за изработка на предфизибилити студија, физибилити и еколошка студија и проектна документација за целосна рехабилитација, сигнализација и електрификација на пругата којашто оди од Скопје преку Јегуновце, Тетово, Гостивар до Кичево. Според барањата на ЕУ, за 18 месеци документацијата треба да се заврши и се надевам дека во 2027 година да биде избран изведувач кој би работел, а во 2029 година да заврши проектот, возовите да се движат со 120 километри на час, што значи дека за 40 минути ќе се патува од Гостивар до Скопје,  а од Тетово до Скопје за 20. Тоа целосно ќе ја промени комуикацијата и начинот на живот во овој дел од државата што ќе значи многу повеќе луѓе да останат во градот, да ја видат тука својата иднина и да се развива бизнис и да има поурбан живот кој ќе значи подобра иднина за сите, изјави Николоски.

Како што оцени, комуникацијата и начинот на живот во Гостивар ќе се промени и со проектот за рехабилитација на пругата Скопје-Кичево. Со активностите што треба да завршат до 2029 година од Скопје до Гостивар со воз ќе се патува за 40 минути.

Најнови вести од: Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

Вучиќ разговарал со Путин, Србија и понатаму ќе добива двојно поевтин гас од Русија отколку на берза

Во случај на копнена инвазија врз Иран, светот, а особено Европа, ќе се соочи со најголемата енергетска катастрофа во историјата, предупреди српскиот претседател

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top