Бизнис

Во Македонија изградени нови капацитети кои произведуваат струја од обновливи извори со капацитет од 1.200 MW

Заклучно со октомври (2022 година – октомври 2025 година) во Македонија се изградени нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1 200 MW, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски на Регионалната конференција за зелена трансформација на Западен Балкан што се одржа во Тирана, Албанија.

Во просек, секој ден по скоро еден нов MW во последните четири години е вклучен на електроенергетскиот систем, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Заклучно со октомври (2022 година – октомври 2025 година) во Македонија се изградени нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1 200 MW, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски на Регионалната конференција за зелена трансформација на Западен Балкан што се одржа во Тирана, Албанија.

  • Производството на електрична енергија од сонце е реалност – Елдорадото на фотоволтаични централи ја најави енергетската транзиција што, пак, отвори процес на трансформација на електроенергетскиот сектор. Бројките се охрабрувачки, но периодот кој е пред нас е полн со предизвици, а еден од нив е и балансирање на системот кога е во прашање електричната енергија произведена од обновливи извори. Мораме во оваа фаза да делуваме и поттикнуваме инвестиции во енергетски капацитети кои ќе произведуваат базна енергија. Секако и употребата на батериите има своја улога, но неопходно е да е реализираат инвестиции со кои ќе се замени производството на струја од јаглен со гас или биомаса, истакна Бислимоски.

Дигитализацијата на административните процеси при прибавување на пропишаните дозволи и документи како предуслов за зголемување на бројот на инвестиции, беше една од клучните пораки на учесниците на Панелот посветен на тоа „Како до формирање на зони за побрза реализација на зелени инвестиции“.

Како што информира РКЕ, говорниците, меѓу кои енергетичари, економисти и функционери од извршната и локална власт на земјата домаќин порачаа дека енергетската транзиција ќе биде успешна само доколку и домаќинствата ги почувствуваат ефектите, а не само индустријата. Мерки и реформи за паметна енергетската зелена иднина мора да биде цел за политиките кои ги водат земјите од регионот за полесно интегрирање со европскиот енергетски пазар.

Најнови вести од: Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

To top