Бизнис

Во Македонија не се искористува ниту приватниот капитал од инвестиција како Иловица

Во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10.000 тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години.

Aerial view of Truck excavator in open sand quarry rubble.

Владите уште позасилено да го финансираат ископот и преработката на критичните минерали, апелира американскиот Центар за стратегии за критични минерали. Во последниот извештај, оттаму наведуваат дека проектите за критични минерали во западните земји се попречени поради недоволно финансирање, а со тоа државите остануваат зависни од Кина за материјалите кои се неопходни за технологијата и одбранбената индустрија. Додека западниот свет сериозно започна со јавни средства да поттикнува нови инвестиции во рударството, кај нас во застој е единствената најавена инвестиција на компанијата „Трафигура“ за ископ на критичен минерал, односно проектот за рудник за бакар во Иловица.

  • „Стратешката важност на критичните минерали повеќе не е тема за дискусија. Иницијативите низ западниот свет и последователните изјави на лидерите на Г7 отидоа многу подалеку од препознавањето на предизвикот за склопување нови партнерства, сојузи и механизми за финансирање. Но, на крајот на краиштата, оваа геополитичка трка за ресурси со висок ризик нема да се добие само преку соопштенија или нови институции. Ќе ја добијат земјите кои ќе можат да мобилизираат капитал со брзината и обемот потребен за да се префрлат стратешки важните проекти во производство и да се поврзат со отпорни синџири на снабдување во производството“, се истакнува во Извештајот.

Претходно, повеќе домашни експерти повикаа Македонија да фати приклучок во трката за критични минерали во соработка со западните партнери и да го искористи својот ресурсен потенцијал. Токму во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10.000 тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години. Но, за разлика од апелот на Центарот за стратегии за критични минерали со јавни средства да се поттикнуваат инвестиции, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал и првата фаза за изградба на рударскиот комплекс би тежела 340 милиони евра. Дополнително, станува збор и за стотици вработувања, а во текот на целиот период од оперативното работење ќе се исплаќаат и околу 75 милиони евра секоја година на повеќе локални и регионални компании кои се занимаваат со угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвена индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање.

Инаку, како што се додава во Извештајот, голем предизвик на Западот е што не постои доволна количина бакарен концентрат за топилниците.

  • „Иако некои рударски компании поседуваат интегрирани операции за топење и рафинирање, многу рударски компании се потпираат на независни топилници и рафинерии за претворање на бакарниот концентрат во рафинирани бакарни катоди. Овие независни операции работат според бизнис модел на наплата, каде што приходите се генерираат преку надоместоци за третман и рафинирање. Брзата експанзија на глобалните капацитети за топење – особено во Кина – го надмина растот на снабдувањето со бакарен концентрат, оставајќи ги топилниците да се натпреваруваат за ограничена суровина“, истакнува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.

Во текстот се додава дека Кина помеѓу 2001 и 2023 година распределила приближно 98 милијарди долари за финансирање на проекти за критични минерални проекти, помагајќи им на кинеските фирми да обезбедат удели во стратешки средства и долгорочен пристап до суровини. Според Центарот, резултатот од овие активности е застрашувачки степен на доминација на пазарот.

Основниот заклучок на извештајот е дека ниту една влада, институција или приватен инвеститор не може да го финансира целиот процес на истражување, развој, преработка и производство потребен за создавање отпорни синџири на снабдување, независни од Кина. Меѓународната агенција за енергетика проценува дека ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови критични минерали, врз основа на наведените политички цели.

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

To top