Хроника

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

Потврди СВР Штип

Секторот за внатрешни работи-Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена 20-годишна државјанка на Република Турција. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници  излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е ( 20) , државјанка на Република Турција.

Увид врши  екипа на СВР штип и се преземаат мерки за расчистувањето на случајот.

МИА претходно објави дека пожарникарите од ТППЕ-Штип биле повикани да интервенираат и да влезат во станот преку врата на балконот, бидејќи станот имал блиндирана врата. Според првичните информации, лекарите и медицинскиот тим од Итната медицинска помош констатирале смрт, но не можат да утврдат дали станува збор за насилна смрт. Телото е предадено на обдукција во Клиничката болница-Штип, по што ќе се утврдат причините за смртта на турската студентка.

Најнови вести од: Хроника

ТВ „Алфа“: Голема полициска акција во Прилеп, Охрид и Струга, поради сомничења за „бизнис“ со дрога – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци!

Голема полициска акција е во тек во Прилеп, се вршат претреси претреси на 30 локации, осомничена е поголема група за активности поврзани со наркотици. Освен во овој град, претреси се прават и во Охрид и Струга, објави ТВ Алфа.

Условно осудениот Пецов – Ѓаволот си ја плати казната од 8.000 евра, а „рушветчијата“ Стафа бара условен отпуст!

Љупчо Пецов – Ѓаволот, осуден во предметот „Синџир“, ја уплатил паричната казна од 492.000 денари, односно околу 8.000 евра, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Пецов, кој беше осуден на условна казна затвор од две години, на 2 септември ја уплатил паричната казна, по што за тоа бил известен и Судот. Адвокатот Фехми Стафа, обвинет дека примил поткуп од 50.000 евра, за да влијае кај судија во предметот поврзан со Пецов, сè уште ја издржува затворската казна од една година и три месеци. Стафа сега бара условен отпуст!

Две и пол години затвор за вработената во МВР, што фалсификувала возачки дозволи, 1,3 години за возачите

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добија затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на една година и три месеци затвор. За сите тројца е продолжена мерката притвор, информираа на средба со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

To top