Хроника

Двајца повредени по превртување на возило во Штип

Причините за несреќата, како и евентуална одговорност, ќе ги утврдуваат надлежните истражни органи.

Попладнево во Штип се случи сообраќајна несреќа на улица „Панче Караѓозов“, при што патничко возило излетало од коловозот и завршило превртено на кров во двор од куќа.

Според очевидци, возачот на автомобилот се обидел нагло да ја избегне жена која сакала да ја премине улицата. Притоа изгубил контрола над возилото, излетал од патот и се превртел во дворот на куќата.

Во возилото се превезувале возачот и еден сопатник. Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Според жители од околината, повредените се во добра здравствена состојба.

Причините за несреќата, како и евентуална одговорност, ќе ги утврдуваат надлежните истражни органи.

Најнови вести од: Хроника

ТВ „Алфа“: Голема полициска акција во Прилеп, Охрид и Струга, поради сомничења за „бизнис“ со дрога – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци!

Голема полициска акција е во тек во Прилеп, се вршат претреси претреси на 30 локации, осомничена е поголема група за активности поврзани со наркотици. Освен во овој град, претреси се прават и во Охрид и Струга, објави ТВ Алфа.

Условно осудениот Пецов – Ѓаволот си ја плати казната од 8.000 евра, а „рушветчијата“ Стафа бара условен отпуст!

Љупчо Пецов – Ѓаволот, осуден во предметот „Синџир“, ја уплатил паричната казна од 492.000 денари, односно околу 8.000 евра, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Пецов, кој беше осуден на условна казна затвор од две години, на 2 септември ја уплатил паричната казна, по што за тоа бил известен и Судот. Адвокатот Фехми Стафа, обвинет дека примил поткуп од 50.000 евра, за да влијае кај судија во предметот поврзан со Пецов, сè уште ја издржува затворската казна од една година и три месеци. Стафа сега бара условен отпуст!

Две и пол години затвор за вработената во МВР, што фалсификувала возачки дозволи, 1,3 години за возачите

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добија затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на една година и три месеци затвор. За сите тројца е продолжена мерката притвор, информираа на средба со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

To top