Хроника

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ осомничени за компјутерска измама, „тешка“ 21 илјада евра

Основното јавно обвинителство од Штип поведе постапка против две лица поради сомнежи дека како соизвршители сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и  „компјутерска измама“.

Пријавените во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.

Пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, од 2021 до 2026 година второосомничената, како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконито менување, бришење, или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците. За сметка на тоа се стекнувале со материјална корист, која во моментов се проценува на 21 илјади евра.

Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување притвор за двајцата осомничени.

Најнови вести од: Хроника

Второто тело во автомобилот во Богданци е на 17-годишна девојка?! Виктор Г. (21), обесениот покрај возилото, бил пријавуван и апсен за насилство?

Првичните индиции за трагедијата во Богданци, во која беа пронајдени две безживотни тела, упатуваат на убиство и самоубиство, потврдија од Јавното обвинителство. Седумнаесетгодишната девојка, за која неофицијално се дознава дека е пронајдена мртва во опожарениот автомобил, претходно имала судска заштита од своето момче, 21-годишниот Виктор Г., кој беше пронајден обесен покрај возилото. Ова го објави порталот „Скопје 1.“.

Е.С. (27) од Арачиново со товарно возило удрил во возило на МВР, па нападнал полицајци!

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е. С. (27) од с. Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Прифатена гаранција од 1,1 милион евра и укинат притвор за Перпарим Бајрами од Лотарија, притворот истекува за 5 дена

Првообвинетиот во случајот „Лотарија“, Перпарим Бајрами, ќе биде пуштен од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од 1.140.781 евро во недвижен имот.

Најнови вести

To top