Хроника

Две лица уапсени за тешки кражби во Тетово

Полицијата расчисти два одделни случаи

Полицијата расчисти два одделни случаи на кражби во Тетово, при што се лишени од слобода две лица осомничени за сторени кривични дела.

На 17 септември, во 12:00 и во 14:50 часот, во селото Порој и во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.К. (27) од Порој и А.Ц. (19) од Тетово, поради сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.

С.К. се сомничи дека во текот на ноќта меѓу 15 и 16 септември, со употреба на сила влегол во продажен објект во Тетово, сопственост на И.О. (52), од каде што одзел пари и повеќе производи.

Во вториот случај, Ш.А. (55) од Тетово пријавила дека А.Ц. со закана од нејзиниот малолетен син одзел пари.

Двете лица се задржани во полициска станица. По целосното документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top