Хроника

IN MEMORIAM: Замина водечкиот македонски филозоф и етичар

Врвен филозоф и етичар со светски глас, автор на голем број книги, учебници и научни дела од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката…

 

Почина проф. д-р Кирил Темков, универзитетски професор во пензија кој целата своја академска кариера ја помина на Философскиот факултет при УКИМ во Скопје.

 

Кирил Темков е роден во Кавадарци во 1943 година, во занаетчиско семејство, учел во Белград и во Скопје, дипломирал (1968) и докторирал филозофија (1982) на Универзитетот во Скопје.

 

Беше ученик и асистент на проф. д-р Павао Вук-Павловиќ, а постдокторски студии завршил кај проф. д-р Александар Грличков во Белград (1983-1987).

 

Беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на менаџерството, Филозофија на политиката, Еколошка етика, Биоетика, Менаџерска етика, Педагошка етика и Филозофија на образованието при Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

 

Заедно со неговиот колега од факултетот Георги Старделов, беше основач на Естетичката лабораторија на Философскиот факултет.

Неговите студенти со следниве зборови се простуваат со својот прпфесор:

 

Не напушти нашиот професор и мој ментор д-р Кирил Темков. Професорот остави голема трага со својата просветителска дејност и со непоколебливата решеност за воведување на Етиката во основното и средно образование. Врвен филозоф и етичар со светски глас, тој е автор на голем број книги, учебници и научни дела од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката итн. На македонски јазик ги има преведено делата на најзначајните светски филозофи и етичари и со својата креативна и образовна активност има предавано на голем број светски универзитети. Ќе го помниме по својата професионална посветеност, непосредност, врвна ораторска умешност во пренесувањето на знаењето и менторската поддршка за создавање успешни и значајни научни дела.

Вечна слава на професорот и сигурно ќе го најде својот мир меѓу ангелите.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top