Хроника

Малолетен насилник (16) се нафрлил врз врсник во Аеродром, па нападнал возрасен (25) што тргнал да го брани

Малолетен насилник (16) завчера доцна вечерта во трговски центар на подрачјето на Аеродром се нафрлил со тврд предмет на врсник, а потоа нападнал и постар скопјанец кој се вклучил да го одбрани нападнатиот малолетник. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Скопје

Вчера околу 14 часот М.Б. (36) од Скопје пријавила во полицијата дека претходниот ден околу 22 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје нејзиниот син (16) бил физички нападнат од друг шеснаесетгодишник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел нападнатиот малолетник.

Претходно околу 11:45 часот вчера, М.Д. пријавил дека завчера околу 22:30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од малолетниот насилник, додека бранел друг малолетник.


Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top