Хроника

Претрес во охридско, пронајдени голема количина дрога, оружје и муниција

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Г.М.(48) од селото Подмољје, охридско

На 31.10.2025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Г.М.(48) од селото Подмољје, охридско. При претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, кој го користел Г.М., извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол „VZOR“ калибар 7,65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, пакување со црна грутчеста материја, ќеса со кафеава прашкаста материја и други предмети кои нелегално ги поседувал.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

Најнови вести

To top