Хроника

Притвор за 19-годишник за насилство во кое 13-годишно дете доби тешки повреди

Малолетникот е во многу тешка здравствена состојба, се бори за животот, соопшти министерот Панче Тошковски според кој, приведени се пет лица кои учествувале во крвавата тепачка

Јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор  за 19-годишник осомничен за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир.

 

Јавното обвинителство синоќа соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник – се вели во соопштението од Обвинителството.

Претходно денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека се приведени вкупно пет лица за инцидентот во скопската населба Чаир, во кој со нож беше повредено 13-годишно дете.

Според министерот, повреденото дете се наоѓа во многу тешка здравствена состојба и се бори за животот.

„Едно лице моментно е во многу тешка здравствена состојба, се бори за животот. Станува збор за малолетник, а во согласност со првичните информации добиени од службите во Министерството, и оној што го врши кривичното дело исто така е малолетник.

Детето со тешки телесни повреди и детето што ги нанесува се иста генерација, родени 2012 година – изјави министерот Тошковски.

Малолетник од само 13 години, прободел тројца со нож

Најнови вести од: Хроника

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

Поднесена кривична пријава против уапсениот помошник директор во Царинска Управа, поради примање мито

На 10.09.2026 во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК го лишија од слобода Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, помошник директор во Царинска управа на РМ. Денеска (11.09.2026) Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против него за сторени кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Полициски претреси на 32 локации, проверка и во службени простории на МВР – сомнежи за незаконски дејства околу возачки дозволи!

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека спроведуваат акција со претреси на повеќе локации, поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани Дејан Јованов (Деко) ќе излезе наскоро од притвор

На 3 октомври првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани, Дејан Јованов (Деко) ќе излезе од притвор, потврдил Кривичниот суд за ТВ Телма. Според Законот за кривичната постапка, тој може да биде во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

To top