Хроника

Ристова: До кога врсничко насилство, треба ли да ни се случи „Рибникар“?

Адвокатката зачудена како тоа родителите на децата што крвнички тепале 12.годишно девојче и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“

Адвокатката Маја Ристова со нова реакција на социјалните мрежи за случајот со врсничкото насилство во Штип, откако добила решение од Вишото јавно обвинителство од тој град со кое се потврдува одлуката на Основното јавно обвинителство дека нема основ за кривична одговорност на родителите на малолетниците кои учествувале во нападите врз 12-годишно девојче.

Девојче (12) од Штип тепано, клоцано, снимано со месеци, адвокатката Ристова ги гони родителите на насилниците и снимачите! (Вознемирувачко видео)

„Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи „Рибникар“, (мислејќи притоа на 14.годишниот Коста.К, момчето кое на 3 мај 2023 година уби десет лица и рани уште шест во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград)

Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство во Штип правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“, вели Ристова.

Ристова остро ја критикува ваквата одлука, посочувајќи дека насилството траело три месеци и опфаќало физичко и психичко малтретирање, а според образложението на обвинителството тоа не било доволно за да се утврди континуирано и сериозно занемарување од страна на родителите.

„Ејјјј, не биле свесни не ми се верува што читам. Требало да има континуирано и сериозно занемарување, а не ова? Што е ова? Го тепале три месеци, и психички и физички го малтретирале, ништо не е тоа. Требало да го избодат, скраја било. И ова пази „Фактот што детето самостојно превземало противправно дејствие не може да се квалификува како запуштање или малтретирање“. Каква порака се испраќа со ова? Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видео снимки, што со останатите насилства?“, посочи адвокатката.

Најнови вести од: Хроника

ТВ „Алфа“: Голема полициска акција во Прилеп, Охрид и Струга, поради сомничења за „бизнис“ со дрога – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци!

Голема полициска акција е во тек во Прилеп, се вршат претреси претреси на 30 локации, осомничена е поголема група за активности поврзани со наркотици. Освен во овој град, претреси се прават и во Охрид и Струга, објави ТВ Алфа.

Условно осудениот Пецов – Ѓаволот си ја плати казната од 8.000 евра, а „рушветчијата“ Стафа бара условен отпуст!

Љупчо Пецов – Ѓаволот, осуден во предметот „Синџир“, ја уплатил паричната казна од 492.000 денари, односно околу 8.000 евра, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Пецов, кој беше осуден на условна казна затвор од две години, на 2 септември ја уплатил паричната казна, по што за тоа бил известен и Судот. Адвокатот Фехми Стафа, обвинет дека примил поткуп од 50.000 евра, за да влијае кај судија во предметот поврзан со Пецов, сè уште ја издржува затворската казна од една година и три месеци. Стафа сега бара условен отпуст!

Две и пол години затвор за вработената во МВР, што фалсификувала возачки дозволи, 1,3 години за возачите

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добија затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на една година и три месеци затвор. За сите тројца е продолжена мерката притвор, информираа на средба со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

Најнови вести

To top