Хроника

Тежок случај на семејно насилство: Маж со нож и куче ги нападнал сопругата и децата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец, осомничен за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и предизвикување општа опасност, по тежок инцидент на семејно насилство што се случил синоќа во неговиот дом.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец, осомничен за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и предизвикување општа опасност, по тежок инцидент на семејно насилство што се случил синоќа во неговиот дом.

Според Обвинителството, околу полноќ осомничениот физички ја нападнал сопругата и нејзината мајка. Потоа почнал да им се заканува на сопругата и на нивните две малолетни деца (на возраст од шест и четири години), викајќи дека ќе ги убие сите присутни, па дури и дека ќе го задави сопственото дете.

Кога сопругата побарала да престане, тој ја оттурнал и ѝ нанел телесни повреди. Во продолжение кршел покуќнина, а со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, повредувајќи ја во пределот на ногата и градниот кош. Во еден момент извадил нож и замавнувал со него, предизвикувајќи страв и чувство на загрозеност кај присутните.

Сопругата успеала да ги повика татко ѝ и брат ѝ, но осомничениот продолжил да им се заканува и ним. Потоа од боксот во дворот го пуштил своето куче од расата шарпланинец, кое нападнало еден од оштетените и го гризнало за надлактицата и потколеницата.

Имајќи ја предвид тежината на дејствијата, опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори насилството, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top