Хроника

Три месеца затвор условно и одземени 17.400 евра од Македонката фатена со 89.000 евра на ГП „Ѓуешево“

Македонската државјанка скапо го плати обидот да изнесе голема сума евробанкноти од Бугарија

Македонската државјанка што се обиде да изнесе од Бугарија 89.000 евра скриени под нејзината облека е осудена од Окружниот суд во Ќустендил на три месеца затвор условно ако во следните три години го повтори делото на бугарскиот дел од границата со Македонија на граничниот премин Ѓуешево.

Четириесетгодишната жена со иницијали Х.Т. ја призна вината дека на 29 август не ги пријавила на цариниците парите врзани со селотејп, а покрај условната затворска казна е осудена и на одземање на една петтина од недекларираната сума или 34.814 лева (околу 17.400 евра).

Пресудата е конечна и осудената нема право на жалба.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top