Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

Полицијата затекнала и возачи кои седнале зад волан и покрај сериозни прекршувања. Еден возач во Тетово бил фатен како вози под дејство на алкохол, додека во Гостивар бил приведен возач кој управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана.
Најтежок бил случајот во Кавадарци, каде возач бил затекнат како управува возило и под дејство на алкохол и со важечка забрана за возење. Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат кривични пријави.

Упатен е повик до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да не седнуваат зад волан без дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

To top