Хроника

УЈП: Не ‘кликајте’ на линкови од сомнителни СМС-пораки

Доколку граѓаните ја добијат ваквата порака, не треба да го отвораат линкот, ниту да внесуваат матични, платежни, банкарски или други чувствителни податоци

 

Лажни СМС-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк стигнуваат до граѓани, предупреди Управата за јавни приходи .

Станува збор за можен обид за измама и апелира граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци, велат од УЈП.

Оттаму појаснуваат дека информациите поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата.

Доколку граѓаните ја добијат ваквата порака, не треба да го отвораат линкот, ниту да внесуваат матични, платежни, банкарски или други чувствителни податоци.

Од УЈП посочуваат дека ваквите пораки може да бидат дел од обид за кражба на лични и финансиски податоци.

Граѓаните можат да ги проверат информациите преку официјалната веб-страница на УЈП, официјалните електронски услуги, како и преку официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви.

Е-пошта: info@ujp.gov.mk

Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори)

Телефон: 02 3253 200

Веб-страница: www.ujp.gov.mk

Од УЈП апелираат граѓаните да не кликаат на линкови од сомнителни СМС-пораки и никому да не ги испраќаат своите лични и банкарски податоци.

Институцијата воедно ги повика граѓаните да го споделат предупредувањето со своите блиски, со цел да се спречат можни злоупотреби.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Јанев од БЈБ за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминал од 2021

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

Во полициската акција во Куманово против група поврзана со лихварство, изнуда и перење пари уапсен Драган Петровски – Штука, осомничен како нејзин организатор

Во претреси на повеќе локации, припадници на специјалните полициски единици и истражители бараа докази поврзани со група за која постојат сомневања дека подолг период дејствувала во Куманово и околината. Неофицијално, групата се поврзува со изнуда, лихварство и перење пари.

Учество на МВР на РМ во акција на американската ДЕА и германските служби: Запленети повеќе од 300 килограми кокаин вредни 20 милиони евра

По размената на информации од страна на Одделот за криминалистичка полиција при македонското МВР и службата за борба против дрога на САД (ДЕА) германската полиција заплени над 300 кг кокаин. Дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор допатувал на пристаниште во Холандија, а од таму стигнал до Германија.

To top