Хроника

Во Косово уапсен еден од убијците на 26-годишник во скопски „Дуќанџик“

Осомничениот Реми Кучи бил лишен од слобода од косовската полиција, додека по вториот осомничен, И.С., сè уште се трага

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничен за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик, објави „Алсат“.

Пукање во скопски Дуќанџик – убиен 25 годишник (ВИДЕО)

Според информациите на „Алсат“, Кучи бил лишен од слобода од косовската полиција, додека по вториот осомничен, И.С., сè уште се трага.

Инцидентот се случил вечерта на 6 септември во Дуќанџик, во општина Чаир.

Според досега објавените информации, Кучи и И.С. се осомничени дека од мотор пукале кон група млади луѓе кои се наоѓале пред дуќан.

Во нападот бил убиен 26-годишниот А.М., а уште неколку лица биле повредени.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top