Хроника

Во ОУ „25 Мај“ во Ченто ученик (15) прободел со нож друг ученик (15) и тешко го повредил, па е уапсен!

Ученик (15) е лишен од слобода, откако со остар предмет нападнал друг ученик во основно училиште во општина Гази Баба, потврди Министерството за внатрешни работи. Засега нема официјални детали за неговата здравствена состојба, ниту за мотивите за нападот.

„На 11.05.2026 околу 15 часот полицијата лиши од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Неофицијално, повреденото дете е пренесено во болница и е оперирано.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

Најнови вести

To top