Македонија

Државно-црковната делегација предводена од Африм Гаши ќе му оддаде почит на св. Кирил

Македонската делегација ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што претседателот Гна Собранието ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик

Камбовски: Правосудниот испит може да се полага на албански, но треба совршено познавање на македонскиот јазик

Во авиосообраќајот може да комуницирате само на англиски јазик, нема субјективно право, во медицината дијагнозите мора да се постават низ одредени формули и употреба на латински јазик, да нема грешка, за да се избегне различното толкување на термините

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

To top