Македонија

Гаража во Скопје продадена за 30.000 евра, становите во Охрид поскапи за 27%

Најмногу купопродажби во првото шестмесечје од 2025 година се направен во Аеродром – 562, Гази Баба – 555 и Карпош – 527 купопродажби, а најмалку во Бутел, 176 купопродажби. Највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар, 65,8 милиони евра, Карпош, 56,7 милиони евра, Аеродром, 47,9 милиони евра, а најниска во Штип, 10,0 милиони евра.

Мицкоски: Ако најдете еден мигрант – се повлекувам од политика

Оставам простор до пролет Венко Филипче, заедно со професорот Фрчкоски и со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најдат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, вели премиерот

Петкоска: 32 милиони и 260 илјади денари повеќе во Буџетот за 2026 година за промоција и поддршка на туризмот и културата

Буџетот е крвната слика на државата, стратешки документ во кој се насликани приоритетите на граѓаните. Сите знаеме дека закрепнувањето на економијата е најважната работа која влијае врз животниот стандард, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска седница на која се дискутира за Предлог-буџетот за 2026 година.

Шабан Салиу од судница: Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение

На денешното рочиште во Основниот суд Кочани, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу (52), кој ја водеше институцијата од 2008 до 2017 година, го отфрли обвинението во случајот „Пулс“ – судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

To top