Македонија

Костадинов од Преродба го честита „колосалниот неуспех“ против Македонија во ЕП и побара оставка од Владата

„Колосалниот неуспех“ на бугарските европратеници да го протуркаат амандманот со кој се додава „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија го искористи лидерот на Преродба, Костадин Костадинов, за да побара оставка од Владата на Бугарија веднаш. „Извештајот официјално ги признава илјадагодишниот македонски идентитет, јазик и култура, а […]

Проблемот решен – „РЕК Битола“ повторно работи со блок 2

РЕК Битола, најголемиот производотел на струја повторно работи. Вториот блок на РЕК Битола, уште синоќа од 18:18 часот повторно е вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи за јавност на комбинатот. Од РЕК Битола информираат дека по неколколкудневни напори за санација на ормарот за електроуправување на Блок 2, кој како што е познато беше […]

Исланд најбезбедна земја на светот, Македонија на 51-во место

Според извештајот на Институтот за економија и мир за 2025 година, Исланд одново е рангиран како најдобра земја во однос на безбедноста и социјалната стабилност. На листата каде како најбезбедни доминираат европски земји, Македонија се наоѓа на 52-ро место од 163 земји наведени во Извештајот.  Веднаш зад Македонија е Албанија рангирана на 52-ро место, додека […]

Таравари се извинува за времето додека беше дел од владата

Претседателот на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој ја напушти Владата пред два месеци, обвини дека ВРЕДИ од прекрасен проект, се претворил во неуспех. Таравари го опишува „триото“ што моментално ја сочинува извршната власт како разочарување. „Денес, на едногодишнината од владата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, немам друг избор освен да […]

Ќе се евакуира уште едно македонско семејство од Израел – МНР апелира да не се патува во земјите од Блискиот Исток

Нови четворица македонски државјани ќе бидат евакуирани од Израел со утрешниот лет од Тел Авив до Атина, соопштија од МНР. Станува збор за семејство, мајка и три деца. „Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени […]

(Видео): Една година од новиот почеток – премиерот најави инфраструктурен бум и борба против корупција

По повод една година од преземањето на функцијата, премиерот Христијан Мицкоски, се обрати до јавноста со порака дека изминатите 365 дена биле исполнети со предизвици, тешка и посветена работа, но и со силна решителност да се постават темелите на една нова иднина. „Секој почеток е тежок, но секој нов почеток е уште потежок, затоа што […]

Димитриеска-Кочоска ја презеде лидерската улога во Центарот за развој на финансии

Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата во резултати,“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на завршната сесија на Годишниот состанок на Управниот одбор на CEF Форумот, кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора. Во своето обраќање, министерката нагласи дека институционалниот развој не е дополнување на реформите, туку нивна основа. Таа истакна дека јавните […]

Бугарски академик: Македонија во ЕУ ќе биде поштетна за нашите интереси отколку Србија во ЕУ!

Иван Илчев, дописен член на Бугарската академија на науките (БАН) и член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, кој пред три години има нагласено дека „не сме браќа со Македонците“, во интервју за тамошниот весник „24 часа“ со уште една неверојатна теза за југозападниот сосед на Бугарија. „Уште пред 4-5 години кажав дека, […]

Нов обид за удар врз македонскиот идентитет – премиерот апелира за силна поддршка од ЕУ парламентот

Македонија повеќе нема да молчи за вистината. Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна порака. Тој откри дека добил вознемирувачки информации за координирани обиди во Брисел повторно да се атакува врз македонскиот јазик и идентитет. – Успеавме да го амортизираме ударот кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик – изјави Мицкоски, нагласувајќи дека […]

Ќе се реши ли хаосот на скопските Клиники со привременото паркинг-решение?!

Ќе се решава хаосот со паркингот на скопските Клиники. Од 1 јули вработените освен на постоечкиот паркинг на Клинички, ќе може да паркираат и во комплексот „Лимак“, најави министерот за здравство, Азир Алиу. Ќе се обезбедат 300 паркинг места за вработените на скопските Клиники, и привремено ќе се ублажи пробелмот со паркирањето. Според министерот, на […]

Баран да лежи во Шутка, дивеел во хотел во Лазарополе

Скопјанец со иницијали К.Ж.(29), синоќа бил лишен од слобода откако по инцидент што го предизвикал во хотел во Лазарополе, било констатирано дека бил баран за одлжување затворска казна. На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, […]

Израел го затвори небото, македонските државјани да се евакуираат со брод

Mакедонските државјани кои се наоѓаат во Израел засега не можат да бидат евакуирани по воздужн пат откако денеска по иранскит напади, израелските власти забранија летови, соопшти денеска македонската амбасада во Израел. „ Во моментов нема услови за авионска евакуација преку аеродромот во Тел Авив. Ги информираме граѓаните дека постои алтернативна морска рута од Ашдод до […]

Ројтерс: Нападите врз Иран – најризичниот коцкарски потег на Трамп

Со својата без преседан одлука да ги бомбардира нуклеарните постројки на Иран, директно приклучувајќи се кон воздушниот напад на Израел врз неговиот регионален најголем непријател, американскиот претседател Доналд Трамп направи нешто што долго време ветуваше дека ќе го избегне – воено да интервенира во голема странска војна, оценува Ројтерс. Драматичниот американски напад, вклучително и таргетирањето […]

To top