Македонија

Над половина од семејствата со повеќе деца едвај крпат крај со крај

Просечно секој петти граѓанин во државата живее во сиромаштија, а според последните податоци на ДЗС за лани, стапката на сиромаштија во земјата изнесува 21,9 %. Најизразена е кај децата до 17 години каде процентуалноста пак достигнува 29,5 % што укажува на тоа дека речиси една третина од младите деца живеат во сиромаштија. Кај вработените лица, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесува 7,9 проценти, што укажува на присуство на т.н феномен на „сиромашни вработени“ – лица кои и покрај тоа што имаат работа, остваруваат приходи под прагот на сиромаштија.

Средба Филипче-Мејдани за „политичката одговорност и потребата од зрелост и визија во предизвикувачките времиња за регионот“

„Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Мејдани оствари вчера средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче, во просториите на Албанската амбасада. Фокусот на разговорот беше на дијалогот насочен кон иднината, со посебна нагласка на политичката одговорност и потребата од зрелост и визија во предизвикувачките времиња за регионот.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“. Веста е заснована врз објавата на албанскиот амбасадор преку фејсбук. За оваа средба вчера не соопштија ништо ниту СДСМ на својата интернет-страница, ниту неговиот лидер Филипче на својот фејсбук-профил.

Како е можно во Македонија да опаѓа бројот на Македонци, а да расте бројот на Албанци?!

Според државните податоци на кои се повикува порталот, во Макдонија имало 16.061 родени и 20.201 починати, што означува природен пад на населението. Но, податоците по етничка припадност покажуваат значајни разлики меѓу двете најголеми заедници.

To top