Македонија

Сиљановска-Давкова: Во бугарскиот устав нема Македонци, а бараат да внесеме во нашиот устав „дел од бугарскиот народ“?!

Во однос на барањето излезни решенија претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека е доволно е да се фрли поглед на уставните гаранции во бугарскиот Устав и да се споредат со уставните гаранции во нашиот Устав, за да се види, како што нагласи, „огромна недоследност“. „Јас би била прва, што ќе бара уставни измени, ако правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото, што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикуваат и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги вградиле во Уставот највисоките стандарди преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед.“ – укажа Сиљановска-Давкова.

ВМРО ДПМНЕ: Кловновите од СДС не ќе можат да избегаат од одговорноста за сите кражби и злодела, што ги сторија!

ВМРО-ДПМНЕ смета дека реакцијата на СДС е на ниво на состојба, која е надвор од сферата на политиката, а повеќе во сферата на душевното здравје на авторите, кои од ноторни криминалци се прават жилави луѓе и жртви.

Муцунски – Ландау во Брисел: Потврдено македонско-американското стратегиско партнерство

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија нагласува дека на средбата двајцата соговорници ги потврдиле блиските и пријателски односи меѓу двете земји, како и силната и конструктивна соработка со САД како македонски стратегиски партнер. „Разговорите опфатија и теми поврзани со улогата на САД во стабилноста и развојот на Западниот Балкан. Нагласка беше ставена на соработката во рамките на НАТО и нејзината важност за колективната безбедност.“ – посочува Министерството.

Мемов: Основната цел на пензискиот систем е овозможување на достоинствен живот на возрасните луѓе

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов, во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма, порача дека исплатата на пензиите е целосно обезбедена, тековна и гарантирана од државата, согласно членот 241 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

To top