Македонија

Пал Заранди: Со влезот на „One Macedonia“ ќе се активира конкуренцијата, граѓаните да внимаваат на двегодишни договори

Покрај мобилните услуги, компанијата има амбиции да понуди и домашен широкопојасен интернет базиран на 5Г технологија, особено имајќи ја предвид ограничената конкуренција на пазарот на фиксен интернет во земјава. Со ваквиот пристап, One Macedonia најавува дека ќе се обиде да изгради долгорочна доверба со корисниците и да понуди реална и фер алтернатива на постојните телекомуникациски услуги на македонскиот пазар.

One Macedonia, новиот мобилен оператор што влегува на македонскиот пазар, најавува сериозен инвестициски циклус и поинаков пристап кон корисниците, со цел да донесе поголема транспарентност, конкурентност и модерни дигитални услуги. Во интервју за ТВ Алфа, Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „One Macedonia“ и директор за мобилна стратегија во 4iG, истакна дека во првите пет години од работењето се планирани инвестиции повисоки од 100 милиони евра.

Осврнувајќи се на состојбите на пазарот, Заранди посочи дека со најавениот влез на нов оператор, конкурентската динамика ќе се интензивира, при што постојните оператори ќе се обидат да ги задржат своите корисници. Во тој контекст, тој предупреди дека граѓаните може да се соочат со понуди за подолгорочни договори, и апелираше тие внимателно да ги разгледаат своите одлуки пред да се обврзат на подолг период.

  • „Не е изненадување што конкурентите ќе настојуваат да ги обврзат корисниците со подолгорочни, дури и двегодишни договори. Затоа, можеби е добро граѓаните внимателно да ги разгледаат своите одлуки пред да се обврзат на долг период“, рече тој.

Планираните инвестиции ќе бидат насочени кон изградба на современа 5Г мрежа, вработување стручен кадар и развој на услуги, при што компанијата веќе инвестирала околу 8 милиони евра за фреквенцискиот спектар и ќе продолжи редовно да ги исполнува обврските кон регулаторните институции.

  • „Нашата цел е да изградиме многу ефикасна, модерна и поинаква мрежа, со поголема автоматизација и капацитети, а таа ефикасност да се почувствува и кај корисниците преку подобри услуги и поедноставен пристап“, истакна Заранди.

Посебен акцент ќе биде ставен на цените и на јасноста на понудата. Наместо комплексни пакети и голем број опции, новиот оператор планира ограничен број едноставни и лесно разбирливи тарифи, со цел корисниците полесно да донесуваат одлуки и да имаат целосна транспарентност за тоа што добиваат.

Покрај мобилните услуги, компанијата има амбиции да понуди и домашен широкопојасен интернет базиран на 5Г технологија, особено имајќи ја предвид ограничената конкуренција на пазарот на фиксен интернет во земјава. Со ваквиот пристап, One Macedonia најавува дека ќе се обиде да изгради долгорочна доверба со корисниците и да понуди реална и фер алтернатива на постојните телекомуникациски услуги на македонскиот пазар.

 

Најнови вести од: Македонија

Ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 по пет години судење за предметот „Меѓународен сојуз“

Апелацискиот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

Железници – Транспорт имаат само две употребливи локомотиви од вкупно 62 и 109 милиони евра загуба!

Со ревизијата на ЖРМ Транспорт АД Скопје за 2024 година е утврдено дека загубата за 2024 година изнесува 331,8 милиони денари, а заедно со пренесените загуби од претходните години достигнува 6,75 милијарди денари, односно 109, 115 милиони евра, соопшти Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Новата шефица на ОЈО ГОКК: Нема да има интервенции во предмети, обвинителите ќе одлучуваат врз основа на закон и докази

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, изјави дека притисоците врз обвинителите се реалност со која се соочува професијата, но оти носителите на обвинителската функција мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази.

Осомничен од ИТ-сектор за пари менувал оценки, бодови, студентски досиеја

Во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари, но засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

To top