Колумни

Османи во 2022 со пробугарска декларација ги „ампутираше“ дијалектите од македонскиот јазик, а сега вели „европски го заштитил“?!

„Без европска иднина, оваа држава нема иднина. Укинувањето на законот за јазиците ќе претставува напад врз темелот на унитарноста на државата – Рамковниот договор, историскиот договор меѓу Македонците и Албанците како треба ова држава да се раководи и да се живее во неа. Укинувањето на тој закон во Уставниот суд ќе значи крај за на […]

„Без европска иднина, оваа држава нема иднина. Укинувањето на законот за јазиците ќе претставува напад врз темелот на унитарноста на државата – Рамковниот договор, историскиот договор меѓу Македонците и Албанците како треба ова држава да се раководи и да се живее во неа. Укинувањето на тој закон во Уставниот суд ќе значи крај за на Рамковниот договор и на унитарноста на државата.“ – со овие закани се огласи потпретседателот на ДУИ Бујар Османи во интервјуто за Радио Слободна Европа, во кое се осврнува на редица политички теми, а посебно и за македонскиот јазик.

„Верглајќи“ ги веќе изветвените ставови на ДУИ дека „оваа влада е моноетничка и нема легитимитет кај Албанците“, Бујар Османи се обидува да ги замаскира вистинските стремежи на ДУИ по секоја цена да се врати на власта. Сега тој говори за некаков „златен период“, кој, секако, би настапил дури откако би се вратила неговата партија на власт. Во овој контекст Османи тврди во интервјуто: „Предвремените избори се неопходни, за да не се нормализира никогаш оваа ситуација. Ова е аномалија, ова е абнормалност, која што не може да биде одржлива. Таа треба да се прекине, за да влеземе во златен период кога после 20 години за прв пат ќе имаме 4 години без ниедни избори. Во последните 20 години сме имале 14 изборни циклуси, што значи на секои 17 месеци сме имале по едни избори. Кај нас, еден изборен процес, 6 месеци парализира пред, 6 после.“

На прашањето-забелешка на водителката на интервјуто „Каков е тој златен период за евроинтеграциите кога се тие во ќорсокак – ЕУ не дава гаранции дека Бугарија нема да продолжи со условувања, актуелната Влада нема намера да го менува Уставот под поставените услови. Дали три години потоа, сметате дека згрешивте што прифативте вакви услови иако знаевте дека немате консензус во Собранието?“ Бујар Османи одговара: „Прашањето на гаранции е погрешно поставено. Да, требаат гаранции, но не треба да се создаде нов како спорот со името. Гаранции не треба да се бараат од Европската Унија. Европската Унија е колективно тело во кое земјите имаат право на вето, вклучувајќи и Бугарија. Гаранции треба да се барат поединечно од земји членки, од Германија, од Франција, од важни држави во Европската Унија, кои што тие треба да ни гарантираат дека нема да дозволат утре во процесот Бугарија да ја злоупотреби преговарачката рамка. Затоа гаранции да, но не на начин на кој што се злоупотребуваат преко апстрактен поим, кој што само ќе создаде спор кој е нерешлив.“

Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен потпретседател на ДУИ Османи натаму ја изнесува најголемата бесмислица, па и лага околу тоа какво „европско решение“ постигнал околу „проблемот со македонскиот јазик“, во интервјуто за Радио Слободна Европа велејќи: „Дали требало да се прифати преговарачката рамка? Да, би било апсолутно историска грешка да се пропушти шансата македонскиот јазик прв пат во историјата да се запише во документ на Европската Унија без никакви додавки. Ние отидовме преку Договорот за добрососедство и во преговорачката рамка нема ‘согласно со Уставот“. Деведесет проценти од преговорите со Бугарија беа за таа формулација. За да се додаде согласно со уставот, или ѕвездичка во дефиницијата за јазикот, ние тоа го решивме 100 проценти на наша сметка“.

Значи, што „решил за македонскиот јазик“ и на чија „наша сметка“? Дали на сметка на македонскиот народ?! Во својата информација со наслов „Во едностраната изјава стои дека македонскиот јазик има дијалекти само на денешната територија на Македонија“, објавена на 19 јули 2022 година, покрај другото, новинската агенција Макфакс наведува: „Министерот Бујар Османи на веб-страницата на Министерството за надворешни работи ја објави едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик, која е приложена кон записникот од првата меѓувладина конференција. …  Во согласност со сознанијата, утврдени со акти, со широкоприфатените теории и емпириските истражувања на современата славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски контиунуитет. Овој континуитет се заснова врз специфичниот развој на дијалектите, што се во неговата основа и кои биле распространети  на територијата на денешна С.Македонија. … Во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување договор за пристапување на С.Македонија во ЕУ и по приемот во полнправно членство во ЕУ, С.Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик, од наведеното во преговарачката рамка.’ – стои во изјавата, што ја доставил Бујар Османи.“

Актот на Бујар Османи за македонскиот јазик, кој е столб на македонскиот идентитет, покрена веднаш огромна лавина на жестоки реакции од македонистите во Македонија. Во својата информација со наслов „Македонистите кренаа глас: Сите бараат поништување на едностраната изјава на МНР“, објавена на 20 јули 2022 година ТВ Алфа, покрај другото, ТВ Алфа имаше истакнато: „Македонистите се кренаа против декларација на Османи за македонскиот јазик. Порачуваат дека државата сама си ги урива позициите и статусот на нашиот македонски јазик. Токму поради ова професорката Елка Јачева Улчар на својот фејсбук профил, во име на научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет, Институтот за македонски јазик, Институтот за македонска литература и други институции, објави зошто оваа еднострана изјава не смее да биде став на МакедонијаЕдна од главните причини се дијалектите на македонскиот јазик, кои преку оваа декларација се ограничуваат само на територијата на Македонија, што не е точно, според македонистите.‘ Грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик е наведеното во Едностраната изјава од македонска страна дека: „Овој континуитет се заснова врз специфичниот развој на дијалектите, што се во неговата основа и кои биле распространети на територијата на денешна РС Македонија.’ – вели Јачева Улчар.“

„Против оваа декларација се се кренаа гласно и повеќе од 30 помлади македонисти, кои преку проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката, порачуваат дека овој документ не смее да биде официјален став на Македонија. ‘Ваквата Изјава може да доведе до сериозни и трајни последици по нацијата, државата и севкупната македонска култура. Затоа укажуваме дека ако не биде повлечена, ќе биде сметана како нелегитимна. Како нелегитимен ќе го сметаме и секој натамошен акт, што ќе се темели, или ќе се повикува на неа. Јавно ги повикуваме претседателот на државата Стево Пендаровски и Собранието на Македонија да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност, на македонистиката и на државните интереси и да ги искористат сите расположливи механизми, за да биде повлечена оваа срамна Изјава. Бидејќи со неа политички се задира во македонистичките темели.’ – се вели во прогласот на помладите македонисти.“

Професорката Александра Ѓуркова вели дека е груб фалсификат на лингвистичките факти напишаното оти македонскиот јазик е јазик само на територијата на Македонија. Таа нагласува дека македонските дијалекти се простираат и надвор од државата.  За текстот на овој документ реагираше и академик Катица Ќулафкова, нагласувајќи дека македонските власти се откажале од нешто, за што никој воопшто нема право да се откаже. ‘Со едностраната изјава на Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа врз старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење надвор од просторот на денешната држава Македонија и надвор од современото време.’ – пишува Ќулафкова.“

„Македонија оваа своја еднострана изјава ја објави, откако Бугарите претходно објавија декларација, во која јасно ни кажуваат дека за нив македонски јазик не постои и ни под разно не можат да го прифатат.“ – имаше објавено ТВ  Алфа во јули 2022 година.

А што порача официјална Софија еден ден пред  да се објави „Едностраната декларација“ на Османи? Со својата информација со наслов „Со посебна декларација Бугарија потврди пред ЕУ дека не го признава македонскиот јазик“ информативниот портал „Сакам да кажам“ на 18 јули објави:  „Во посебна декларација, дистрибуирана вечерва во Брисел од Министерството за надворешни работи на Бугарија, се укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање од Република Бугарија на „македонскиот јазик’. Во декларацијата се наведува и дека: ‘Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани врз дијалекти, а три врз литературен бугарски јазик. Создавањето на ‘македонскиот јазик’ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на вторична кодификација (рекодификација), заснована врз бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со локални форми. Со тоа се симулираше ‘природен’ процес заснован врз дијалектна форма’. Бугарија ја претстави својата Декларација на состанокот на постојаните претставници во Брисел при гласањето за преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Советот на ЕУ ќе ги земе предвид овој документ и бугарската позиција.“

И денес Бујар Османи во интервју за Радио Слободна Европа тврди дека „без европска иднина, оваа држава нема иднина“?! Но, каква иднина Македонија и македонскиот народ би имале со такви и слични „европски решенија“ за македонскиот јазик и за самата македонска држава, кои ги „стокмија“ со „Добрососедскиот договор со Бугарија“ Бујар Османи, Зоран Заев, Димитар Ковачевски и другите актери од претходната владејачка гарнитура на Македонија?! Сегашната Влада на Република Македонија уште еднаш го нагласи својот став и својата позиција преку најновата изјава на заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков: Владата цели да го оствари сонот за европска Македонија, но постави црвена линија – македонскиот идентитет, преку која нема преминување!“

Само по себе се подразбира дека македонската „црвена линија“ е и македонскиот јазик, преку која нема преминување, исто така.

Најнови вести од: Колумни

Преобјавен „Абецедарот“ за македонските деца во Егејска Македонија од 1925, кој е сведоштво за посебноста на македонскиот народ со својот македонски јазик

Во 1925 година се успеа преку тогашното Друштво на народи, кога не постоеше држава на македонскиот народ, да се издејствува „Абецедар“ за македонските деца во Егејска Македонија, макар и по барање на тогашна Бугарија и поради нејзините асимилаторски стремежи кон македонскиот народ. Денес, кога постои македонска држава на македонскиот народ, оваа Република Македонија, зошто да не се побара пак заштита за македонскиот јазик во Грција овој пат и од ЕУ и од Организацијата на ООН, како наследничка на некогашното Друштво на народи, па пак да се отпечати македонски овојпат „Буквар“, а не „Абецедар“ за македонските деца? Со барање и да се воведе македонскиот јазик во грчките училишта?! Правото на употреба на мајчиниот јазик е неотуѓиво право на секој народ и секое национално малцинство во Европа и светот, тоа право е загарантирано со сите европски конвенции и со конвенциите на ООН. Грција е обврзана со сите овие конвенции да ја овозможи употребата на македонскиот јазик во училиштата за македонските деца.

Во непокорена Македонија последниот збор го имаат македонскиот народ и сите други граѓани, не странците, а општините не се ничија „етничка сопственост“

Отсега натаму ќе претстои потребата за изнаоѓање нови точки на заедничко градење развој и перспектива, за создавање нова „македонска национална енергија“ во македонското национално тело. Но по овие локални избори ќе претстои нужно и неизбежно создавање нова и „македонска државна енергија“ заедно со Албанците и другите етнички заедници во смисла на заедничко градење на правецот на развојот на државата, во која сите имаат еднакви стремежи, потреби, права и интереси.

Се согласувам со Филипче – Воопшто не е лошо, напротив битна е перспективата

СДСМ оствари чиста, пефектна победа во Кривогаштани и уште во две општини во првиот круг. Има шанса уште во пар други. Во бастионот Струмица свесно беше жртвувана кралица во ликот на Костадинов

Лаен доаѓа со „европски булдожер“ во нов обид да го „раздроби“ „ѕидот“ на отпорот против бугаризацијата на македонскиот народ и држава (2)

Шпанија и Словачка во своите устави по никоја основа не предвидуваат и не дозволуваат национални малцинства, или етнички групи да можат да здобијат во нивните устави статус како „државотворни народи“, за да не им се овозможи на односните малцинства, или етнички групи, да здобијат право, согласно со меѓународното право, на територијална автономија и самоопределување до отцепување од овие две држави. Односно, право да прогласат сопствена држава на „својот дел“ од територијата на Шпанија и Словачка и потоа да ги припојат кон „своите матични држави“. Ова го истакнуваат реномирани европски и светски експерти за уставно право и политички науки. Токму тоа го бара Бугарија за „бугарските државотворци“ во Македонија, токму ова штедро го поддржуваат Урсула фон дер Лаен и ЕУ! Зошто Лаен не оди и во Шпанија и Словачка и таму да бара промени во нивните устави, па да добијат и некои од тамошните национални малцинства уставен статус како „државотворни елементи“ на Шпанија и Словачка (патем и членки на ЕУ!), па да имаат право на отцепување „свои делови“ и од териториите на Шпанија и Словачка и припојување на тие делови кон „своите матични држави“?!

Лицемерието на стратегискиот партнер на Бугарија – Германија кон Македонија и принципиелната и пријателска поддршка од Словачка (1)

Водечката германска партија АФД бара „алтернатива за Германија“ и „иднина надвор од сегашната ЕУ“, во „Европа на суверени нации.“ – не смее ли и Македонија да го бара тоа, алтернатива за Македонија, не смее ли и таа да се стреми кон „ЕУ на суверени нации“?! Патот по кој одат Словачка и другите држави од „Вишеградската група“, патот на сѐ посамостојно одлучување, иако се членки на ЕУ, треба да го следи и Македонија како кандидатка за во ЕУ.

Ако не се урне сценариото за уривање на Македонија, Македонците ќе станат бестатковинци – новите „Курди во Балканот“

Французите ги уриваат Макрон и неговата влада, ама не ја уриваат и Франција како држава, што е целта со Македонија! Се обидуваат и Германците да ги урнат германската владејачка коалиција и Мерц, ама не се стремат да ја урнат Германија како држава, што е целта со Македонија! Потребно е македонско национално и македонско државно единство во напорите за создавање услови за подобар живот за сите граѓани без оглед на етничката и политичката припадност, отфрлајќи било чии меѓународни замешателства во нашите внатрешни работи.

Макронова Франција, која се меша во внатрешните работи на многу држави, е „санстефанска маќеа“ за Македонија, а „европска мајка“ за Бугарија! (2)

Со оглед на активираното сценарио за уривање на Македонија како држава, ќе мора локалните избори на 19 октомври да бидат не само изјаснување за нови, поквалитетни локални власти и подобро функционирање на општините, туку и референдум за опстојот и просперитетот на Македонија како држава и заеднички дом за сите нејзини граѓани, без оглед на нивната етничка и политичка припадност.

Најнови вести

To top