Колумни

Вредното предупредување на еврореалистот Милановиќ „Македонија да не трпи уцени и изнуди за членство“ од ЕУ, која стана „казан во кој врие“!

Пишува: Свето Тоевски „Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ. Но не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие ќе одлучите што е важно за вас. Немојте да бидете жртва на некаква уцена, или изнудување […]

Пишува: Свето Тоевски

„Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ. Но не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие ќе одлучите што е важно за вас. Немојте да бидете жртва на некаква уцена, или изнудување кога станува збор за вашето членството во ЕУ!“ – порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова. Во манир на коректен еврореалист Милановиќ ја кажа вистината во врска со актуелниот миг на така наречените „евроинтеграции“ на Македонија. Милановиќ најотворено го впери прстот кон официјален Брисел, кон „добрите соседи“ и кон меѓународната дипломатија, кои вршат уцени и изнуди, но авторот на овие редови ќе и дополни и ултиматуми и диктати, во замена за наводното членство во „долината во која течат мед и млеко“, наречена Европска унија.

Но, какви тонови се слушаат денес од Бугарија: најреалистичната и вистински пријателска сугестија од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ до Македонија да си ги гледа своите национални интереси и да не дозволува да биде уценувана на патот кон Европската унија наишла на критика во медиумите во Бугарија! Го обвинуваат Милановиќ дека се меша во бугарско-македонските односи?! А дали попрво Бугарија се меша и тоа навистина, безобѕирно и грубо дури во внатрешните работи на друга држава – Македонија, дозволувајќи си да ѝ наредува менување на уставот?!  

Задржувајќи сепак соодветна позиција на држава-членка на ЕУ, хрватскиот претседател Милановиќ на прес-конференцијата дополни: „Тука не мислам да полемизирам, ниту мислам на вашата соседна држава Бугарија. Тие имаат свои идеи како треба да изгледа тоа. Правилата се јасни, треба консензус, треба едногласност. Сѐ додека е некој против Македонија таа не може да напредува на тој пат. Дали е тоа за вас и вашите граѓани се уште најважната работа на овој свет, вредна во животот? Или има некои други работи, кои може државата да ја дефинираат како успешна и реализирана заедница? Но тука јас немам совет, тоа е ваша одлука.“

„ЕУ е убав и можен проект. Но веќе мораме да ја преиспитуваме секоја одлука, која доаѓа од Брисел и другите центри на моќ.“ – имаше изјавено Милановиќ на 24 април 2025 година, две седмици пред да дојде до Македонија. Шефот на Хрватска, на оваа нам пријателска и партнерска држава, во манир на достоинствен државник, кој, пред се, ги запазува хрватските државно-национални интереси, искажа совет, кој е од клучно значење за Македонија и за македонскиот народ, но и за сите други граѓани на Македонија: треба да се води политика, која поаѓа првично од македонските државно-национални интереси, во полза на сите граѓани. Дури потоа и ЕУ и се друго, ако е можно и што ќе биде можно.

Надоврзувајќи се на советот, поточно предупредувањето на Милановиќ дека „веќе мора да се  преиспитува секоја одлука, која доаѓа од Брисел“, авторот на овие редови се осврнува на состојбата во ЕУ. Европската унија се повеќе наликува на „зовриен казан“ во овој момент, во кој продолжува и натаму да се зголемува „температурата“, односно незадоволството од потезите, што ги влечат претседателката на Европската комисија Урсула Лаен, високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и одделни други еврофункционери. Швајцарскиот политички магазин „Велтвохе“ пишува дека „во европските дипломатски кругови се зборува сè повеќе оти  високи функционери на ЕУ ја сметаат Урсула фон дер Лаен како ‘токсична’, а нејзиното присуство во раководството на ЕУ како штетно’.

Низ европските држави во овој момент се потпишува и интернет-петиција против Урсула Лаен, со која се бара нејзина оставка. Досега има 113 илјади и 204 потписи на петицијата, која ја покрена „МеРА25“ – „Европскиот реалистичен фронт за непослушност“, левичарската грчка политичка партија на нејзиниот основач и генерален секретар Јанис Варуфакис, кој е поранешен пратеник на Сириза и грчки министер за финансии. „MeRa25“ е дел од „Движењето за демократија во Европа 2025“ („DiEM25).“

„Велтвохе“: „Рибата смрди од главата’, а главата на ЕУ е Урсула фон дер Лаен!“

„Рибата смрди од главата’, а главата на ЕУ е Урсула фон дер Лаен! Нејзината оставка би откочила многу работи.“ – нагласува новинарот Филип Гут во својата анализа со наслов „Токсична женственост на врвот на ЕУ: Урсула фон дер Лаен станува товар. Дипломатите бараат нејзино заминување“, која е објавена на 26 април 2025 година. Ги пренесуваме сознанијата и констатациите на Гут во оваа анализа, чија основна порака е дека забрзано се зголемува бројот на противниците на Урсула Лаен, кои сакаат да ја видат нејзината оставка на масата„Политиката на ЕУ е во криза. Внатре во ЕУ се случуваат  неединство, поделба, постојано вознемирување на земја-членка како Унгарија, која инсистира на својот суверенитет и своите демократски права на учество. Рибата смрди, како што вели поговорката, од главата. А главата на ЕУ е олицетворена во претседателката на Комисијата Лаен!“– пишува Гут во „Велтвохе“.

Според него, „ЕУ е во жално лоша состојба“„Во секоја нормална држава, прашањето би било дали раководството е сè уште вистинското. Но ЕУ не е држава, а секако не е нормална. Во дипломатските кругови во Брисел се вели дека високите функционери на ЕУ сè повеќе ја сметаат фон дер Лаен како ‘токсична’. Нејзината оставка може да откочи многу работи. Промената на врвот барем би ѝ дала шанса на европската политика да стане поразновидна и повторно отворена – кон Западот и Истокот.“ – заклучува Гуте во својата анализа.

Веќе има 113 илјади и 204 потписи на петицијата за оставка на Урсула Лаен, која се потпишува моментно на интернет и преку фејсбук и другите општествени мрежи низ Европа. Петицијата ја покрена „МеРА25“ („MeRa25) – „Европскиот реалистичен фронт за непослушност и радикални промени“, левичарската европска и грчка политичка партија на нејзиниот основач и генерален секретар Јанис Варуфакис, кој е поранешен пратеник на Сириза и грчки министер за финансии. „МеРА25“ е дел од „Движењето за демократија во Европа 2025“ („DiEM25).“

Во петицијата, упатена до Европскиот совет, Европскиот парламент и граѓаните на Европската Унија, се наведува дека „постапките на Урсула Лаен се неспојливи со принципите и законите на Европската Унија и поради тоа е потребна нејзина итна оставка“. „Лаен не ги почитува и не ги применува меѓународното право, ниту демократскиот мандат на земјите-членки на ЕУ. Таа нема соодветно етичко однесување, ниту потребна дипломатска разумност. Со оглед на ова покренувачите и потписниците на оваа петиција бараат нејзина итна оставка.“ – се изнесува во текстот на петицијата.

Нагласувајќи дека „Урсула Лаен го поткопува моралниот авторитет на ЕУ, презема проблематични активности и зазема едностран став, за што нема мандат“, во споменатата петиција се истакнува уште и следното: „Таа ги заобиколува институционалните процеси. Нејзините активности не само што го заобиколија Европскиот совет, туку и ја запоставија поделбата на властите во рамките на ЕУ, според која надворешната политика не ја одредува Европската Комисија.“

Покренувачите и потписниците на петицијата против Урсула фон дер Лаен на крајот порачуваат: „Како одговор на пречекорувањето на нејзините овластувања од страна на претседателката на Комисијата и непочитувањето на основните принципи на човековите права и на демократијата, ја повикуваме Урсула Лаен веднаш да поднесе оставка од својата позиција како претседател на Европската комисија. Ако таа одбие да го стори тоа, ја повикуваме германската влада да ја повлече од функцијата. Ги повикуваме граѓаните и институциите на ЕУ да се залагаат за вредностите, што нè поврзуваат како заедница и да се обидат да го вратат моралниот авторитет на Европската Унија на меѓународната сцена. Меѓународното право мора да важи за сите. Ако не се применува подеднакво насекаде, нема никаква вредност.“

Ќе потсетиме само на една од повеќето изјави на Урсула Лаен директно во врска со Македонија со директна форма на лобирање за интересите на Бугарија, а против интересите на Македонија, против македонскиот идентитет, јазик и историја. На пример на 24 октомври 2024 година Лаен кажа: „Ние ќе помогнеме да се спроведе обврската, што С.Македонија ја презеде како суверена земја во секој дел од патот. Но, уставните промени треба да се разработат!“. Ова е целосно противречење на Урсула Лаен на самата себесија нарекува „С.Македонија суверена земја“, а од друга страна ѝ наредува на таа иста суверена земја да менува свој устав, спротивно на сите соодветни резолуции на Организацијата на Обединетите нации, спротивно на сите норми и принципи на меѓународното право, спротивно и на самиот „Основачки, темелен акт“ на ЕУ, на „Договорот од Мастрихт“.

Ете потврда на ставот од петицијата против неа, која кружи низ Европа и се потпишува против Урсула Лаен, дека „таа не го почитува и не го применува меѓународното право, оти меѓународното право мора да важи за сите, а ако не се применува подеднакво насекаде, нема никаква вредност.“ Ете потврда на ставот во наведената петиција дека „претседателката на ЕУ го поткопува авторитетот на ЕУ“. Покренувачите и потписниците на петицијата предупредуваат дека „меѓународното право мора да важи за сите, но ако не се применува подеднакво насекаде, нема никаква вредност.“ Европската унија и Урсула Лаен со своите постапки  во врска со Македонија создаваат ситуација, во која меѓународното право нема никаква вредност.

Токму поради сево ова мора да се има предвид предупредувањето на умниот хрватски претседател Милановиќ до Македонија: дека таа како држава не треба да трпи никакви уцени и изнудувања, ниту ние да бидеме жртва, во замена за членството во ЕУ!

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ставови на која било политичка партија, ниту со уредувачка ориентација на ниеден медиум од Република Македонија)

Најнови вести од: Колумни

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас – Пишува Драган Милосављевиќ

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top