Иако сите добронамерници го разбраа повикот на претседателката за ,,европеизација без губење енергија на историски прашања”, лидерот на СДСМ Филипче, како и многупати досега, во рамките на секојдневната прес активност, насочена кон власта, даде „автентична интерепретација“ на кажаното, констатирајќи „сличност“ на ставовите, како обединувачки мотив?!
Прашање е дали се работи за незнаење, односно за недоволен политички капацитет, или за уште еден несреќен обид за манипулација, во амбиент на незапирлив слободен пад на партијата во амбисот, во отсуство на вистински социјалдемократски сили со подадени раце кон „водството “.
Умислениот водач повторно се обидува да ја измами јавноста со својата „ теза“ дека Сиљановска наводно ги потврдува тезите на имагинарниот „фронт“ на Бихаќка, каде сега главен фактор е лидерот на привезокот на СДСМ, Мисовски, чија, речиси упокоена партија НСДП се појави како антипод на СДСМ и никна од партиската фракција.
Иако Сиљановска е кристално јасна кога вели дека ЕУ треба да нѐ оценува како и сите други европски „ ученици“според Копенхашките критериуми, а не преку обидот за ревизија на македонската историја и македонскиот индентитет со наметнати политички „решенија“ под превезот на „добрососедските односи“ и закани од бугарското вето доколку не се прифати националистичкиот диктат!
Лидерот на СДСМ, опкружен со лажен, псевдосоцијалдемократски свет, потсвесно крикнува и ја моли Сиљановска-Давкова да стане дел од разбиениот фронт којшто, наликува на ,,Линијата Мажино”.
„Оставете нѐ да се европеизираме, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми“, бара претседателката. Како? Не губејќи го времето на „решавање“ на историски и идентитетски прашања, бидејќи тие се исклучени од конститутивните акти на ЕУ“ преку Преамбулата и членот дека ќе се почитуваат националниот и културниот идентитет“ и дозволете ни да се концентрираме на европеизацијата.”
За сите малку политички писмени луѓе, овој став и барање, но и сите други ставови на Сиљановска-Давкова се јасни и конзистентни, но Филипче, без срам и без перде, прашува нешто што ниту еден лидер на било која нормална партија не би го прашал, освен ако не е во фаза на распаѓање:
„Дали ова значи дека претседателката Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда“? Кој фронт, која вистина, која правда, господине Филипче?
Ако апелот за поддршка од Сиљановска-Давкова, како претседателка на државата, која често укажува дека без опозиција немаа демократија, можеби е разбирлив, шокантно е зошто Филипче лаже кога вели дека ставот на Сиљановска е ист со оној на СДСМ, кога е директно спротивен!
Да се себеобманувате и да ја лажете јавноста дека стоите на чело на силен фронт, којшто наводно се бори за правда и вистина е илузорен и инфантилен одбранбен механизам на партија којашто од државотворна, станала треторазредна или четврторазредна партиска опција во државава, чии челници ниту биле, ниту ќе бидат легитимни и легални наследници, а камо ли идеолошки определени социјалдемократи!
Да не ја потеценуваме македонската јавност. Таа знае што мисли и што вели претседателката Сиљановска-Давкова и прави разлика меѓу нејзината мисла и реч од онаа на актуелната група без идеолошки и политички компас, којашто избриша важен дел од националниот идентитет и продолжува тоа да го прави, замижувајќи пред националното, европското и меѓународното право, како единствено оружје на малите држави.
Филипче не е портпарол на претседателката Сиљановска-Давкова и не може да дава автентична интерпретација на нејзините мисли, туку може да ги презентира, афирмира и толкува своите, доколку ги има.
За каква личност станува збор, говорат последните утописки ветувања на дружината околу Филипче, наследена од Заев.
Сиљановска-Давкова, се разбира, нема потреба од коментар на коментарот на човекот кој заклетвата на Хипократ ја замени со манирите на Хипокрит.
Во секој случај, Филипче треба да е среќен што Сиљановска-Давкова, од пристојност, засега молчи за провокациите и лагите од СДСМ за неа.
Може да спорите со став, ама не со памфлет.
А.Ѓ.