Македонија

18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – на кој ќе биде донесена новата „Стратегија за Македонија 2030“

Ова не е технолошка агенда, туку визија за современа државност, држава што им служи на граѓаните, а не обратно

ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18-ти редовен Конгрес. Овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство.

На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: “Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (ПРАВЦИ ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ, РАЗВОЈ И ДРЖАВНО ВОДСТВО), како и пропратни документи на истата.

-За да опстои и да напредува, македонската држава мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија. Пред да се гласа Стратегијата, Делегатите истата ќе ја имаат во електронска форма достапна преку QR код на делегатските акредитации. Европската десница го афирмира моделот на социјална пазарна економија, систем што ја балансира слободата на пазарот со одговорноста на државата да ги штити ранливите и да создава еднакви можности. Тој модел ја поддржува иницијативата, но ја одбива зависноста; ја охрабрува иновативноста, но ја отфрла злоупотребата; го гради општеството на труд, знаење и фер конкуренција, а не на привилегии и клиентелизам, велат од партијата.

Според партијата во македонски услови, ова значи квалитетно здравство, конкурентно образование, функционални јавни услуги и политики што го задржуваат талентот дома, наместо да го иселуваат.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека современата држава мора да биде ефикасна, транспарентна и отпорна. Владеењето на правото е нејзината фундаментална основа. Администрацијата мора да биде професионална, департизирана и ориентирана кон резултати; судството независно и функционално; институциите доследни на стандарди, а не на вертикали на влијание.

Дигиталната трансформација претставува најголемата можност за вистинска реформа: институции што работат преку податоци, алгоритми што ја намалуваат корупцијата, автоматизирани услуги што ја елиминираат бирократијата и системи што ја прават државата побрза, поефикасна и потранспарентна од било кога.

-Ова не е технолошка агенда, туку визија за современа државност, држава што им служи на граѓаните, а не обратно. Недостигот на дисциплина во институциите е една од најдлабоките слабости на постсоцијалистичките демократии, децидни се од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ затоа ја поставува реформската државност како еден од своите централни идеолошки столбови:

-институциите мора да работат според правила, а не според импровизации;

-администрацијата мора да биде професионална, а не партиски зависна;

-политичката власт мора да поставува стандарди, а не да бара исклучоци;

-јавната служба мора да биде предвидлива, ефикасна и транспарентна.

Овој принцип ја претвора државата од „простор на политички судири“ во функционален систем – услов за економски раст, правна сигурност и стабилни политички процеси. Реформираната државност е темелот на вистинска европеизација.

ВМРО-ДПМНЕ како македонска центар-десница е втемелена во филозофијата дека државата мора да биде силна:

– таму каде што штити,

– ограничена таму каде што пречи,

– и присутна таму каде што создава јавна добробит.

Таа философија ги обединува слободата, достоинството, одговорноста и државноста како четири носечки столба.

Како генерација ние мораме да обезбедиме стабилна и просперитетна иднина на генерациите што доаѓаат. Сега е нашето време да ја ставиме својата цигла во нашиот заеднички дом – Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ повторно е прва политичка опција која го трасира патот кон иднината. Следуваат нови победи за Македонија и добра иднина за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top