Македонија

24/7 мониторинг на критичните предели – Поставени интелигентни камери со ротација од 360 степени

Потпалувачите на шуми ќе бидат фатени побрзо од што очекуваат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека за првпат преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, воспоставува систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации.

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони

-Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата. За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, воспоставуваме систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. Во моментов се оперативни поголем број камери, а во тек е проширување на мрежата на околу 50 камери, со што значително ќе се зголеми покриеноста на критичните шумски подрачја низ државата, соопшти ЦУК.

Како што објаснуваат, системот овозможува 24/7 мониторинг од Оперативниот центар на ЦУК, навремено откривање на чад и почетните знаци на пожар, како и брзо известување на надлежните институции за побрза и поефикасна интервенција.

-Со оваа технологија обезбедуваме: Рана детекција на чад и пожар уште во почетната фаза, пред негово проширување.
Континуиран 24/7 мониторинг без прекин. Интелигентни камери со ротација од 360 степени, кои постојано го надгледуваат просторот и автоматски се насочуваат и запираат на точната локација веднаш штом детектираат чад или пламен. Автоматско известување преку е-пошта и порака до дежурниот Оперативен центар на ЦУК веднаш по детектирањето на чад или пожар. Во наредниот период ќе биде воспоставен и звучен аларм во дежурниот Оперативен центар на ЦУК, кој ќе овозможи уште побрзо известување и реакција на надлежните служби. Благодарение на поставеноста на камерите на телекомуникациски столбови, се обезбедува голема територијална покриеност и значително намалување на трошоците за поставување на системот преку искористување на постојната инфраструктура. Подобра координација на институциите при интервенции преку визуелен увид во реално време во локацијата, правецот на ширење и интензитетот на пожарот. Намалување на штетите и поголема заштита на човечките животи, шумите, имотот и природните богатства. Интеграција со системот 112, ГИС-платформите и метеоролошките податоци за побрзо и попрецизно донесување оперативни одлуки – посочуваат од Центарот.

Од ЦУК информриаат дека пилот-проектот ќе послужи како основа за воспоставување национален систем за рана детекција на шумски пожари, кој во иднина ќе придонесе за уште поголема безбедност, поефикасно управување со природните ризици и подобра заштита на населението и природните ресурси.

Посочуваат дека директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али останува целосно посветен на модернизација на институцијата преку инвестиции во технологија, иновации и развој на професионалните капацитети. Како што нагласуваат,  неговата визија е јасна – модерен, ефикасен и подготвен систем кој навремено ќе одговори на секој предизвик, секогаш во служба на граѓаните и во заштита на природата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top