Македонија

„24 часа.бг“: „Северномакедонските лидери“ нема да одмораат на „родното Црноморие“?!

Со ништо непредизвикана провокација од бугарскиот дневен весник кон (југо)западниот сосед на Бугарија

Бугарскиот дневен весник „24 часа“ се надмина во провоцирањето на „браќата“ отаде (југо)западната граница уште во насловот на напис за тоа каде државните функционери на Македонија ќе заминат на одмор, во кој користи непостоечка придавка „северномакедонски“.

„Северномакедонските лидери не сакаат да одмораат во Бугарија во текот на летото“, е насловен текстот во кој врв е третата реченица: „Ниту еден од нив нема да се појави на родното Црноморие“, со јасна алузија дека се родени во Бугарија?!

Во остатокот од „новинарската“ творба на „24 часа“ се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски во следните четири дена ќе одмора во Хрватска, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со семејството е на неколкудневен одмор во Турција, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Црна Гора.

Министрите за образование Весна Јаневска и за здравство Азир Алиу нема да го користат годишниот одмор сега, фокусирајќи се на обврските во своите ресори.

 

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top