Македонија

8 училишта и градинки во Ѓорче Петров добиваат енергетски ефикасни системи за загревање

Општина Ѓорче Петров

8  училишта и градинки добиваат енергетски ефикасни системи за загревање, чист воздух за Ѓорче Петров – силна соработка за поздрава иднина објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

„Денес направивме значаен чекор напред, потпишавме Меморандум за соработка со UNOPS, заедно со г. Марко Вујачиќ (Marko Vujačić), Head of Programme – UNOPS South East Europe

Multi-Country Office,, во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со јасна цел – подобар квалитет на воздух и енергетски ефикасни јавни објекти

Проектот опфаќа нови 5 основни училишта и 3 детски градинки во нашата општина, каде што ќе се врши замена на старите системи за греење со современи топлински пумпи, енергетски ефикасни и еколошки системи.

Со овој проект ги опфаќаме сите објекти на основни училишта и дел од градинките, со што се позиционираме како лидери помеѓу општините.
✅ намалено загадување
✅ почиста животна средина
✅ пониски енергетски трошоци
✅ поздрави услови за нашите деца

🤝 Во партнерство со УНОПС и со поддршка од Европската Унија, продолжуваме одговорно, стратешки и долгорочно да инвестираме во Ѓорче Петров “ објави градоначалникот.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top