Македонија

Аца Лукас му е лут на Александар Вучиќ што не го брани за инцидентот во Кавадарци

Според музичарите кои ја пренесуваат информацијата песната која го илустрира разочарувањето на Лукас од српскиот претседател е ,,Издали ме пријатељи, издао ме брат”

Српскиот пејач Аца Лукас му е лут на српскиот претседател Александар Вучиќ што не реагирал на однесувањето на македонските власти кои го казниле со 50 евра за кршење на законот за странци додека настапувал во кафана во Кавадарци.

Извори од тимот на Лукас пренесле до македонски колеги музичари дека Лукас бил разочаран што неговиот пријател, како што го нарекувал српскиот претседател, не презел ништо со цел српските институции да го заштити од прогонот на македонските инспекции.

Изворите тврдат дека уште вечерта Лукас очекувал да има реакција од српските власти затоа што тој сметал дека неговото пријателство со Вучиќ може да му помогне.

Лукас очекувал како што тој му помагал на Вучиќ за време на протестите на српските студенти и опозиција така и претседателот на Србија да му помогне за прекршочната пријава што ја добил од македонската инспекција.

Во српската јавност е познато дека Лукас и Вучиќ се блиски пријатели и другаруваат повеќе од 15 години уште кога Вучиќ не беше на власт.

Вучиќ во месец Мај пред големиот протест на српската опозиција објави средба со Лукас и порача дека  посебно го цени затоа секогаш стои зад своите ставови кои никој не можел да му ги смени.

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Мај на својот TikTok профил објави видео Аца Лукас, непосредно пред почетокот на сенационалниот собир во Ниш.

 

Во видеото, претседателот откри детали од неговото долгогодишно познанство со познатиот пејач, истакнувајќи колку Лукас е интелигентна личност и колку добро се разбира во спортот. Вучиќ додава дека посебно го цени тоа што Аца секогаш стоел зад своите ставови и никогаш не подлегнал на притисоци:

 

“АЦА ЛУКАС ГО ЦЕНАМ НЕВЕРОЈАТНО МНОГУ”

 

,,Аца и јас се знаеме долго време, уште од периодот кога бев во опозиција. Тој секогаш беше пријател. Има нешто што луѓето не го знаат – тој не само што е неверојатно интелигентен, туку и неверојатно добро го познава спортот. Еднаш на стадион ги слушав неговите коментари кои беа и највесели и најпаметни. Посебно го ценам тоа што секогаш си стоел зад своите ставови и мислења, кои никој не можел да му ги смени под притисок. Затоа му благодарам што е денес со нас тука”,  изјави тогаш за Лукас претседателот Вучиќ.

Што се случи во Кавадарци!

 

„На 22 ноември во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57 год.) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола“, објави МВР.

 

Против Лукас била поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци. За турбофолкерот била поднесена прекршочна пријава во Основен суд Кавадарци. Од Основен суд Кавадарци соопштија дека на Аца Лукас му била изречена парична казна во висина од 50 евра.

 

При контрола во локалот каде што тој настапувал, освен полиција биле присутни и неколку инспекции: Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, кои констатирале повеќе неправилности: неиздавање на сметки, пушење во затворен простор и поголем број лица од дозволениот.

 

„При контролата во угостителски објект каде бил настапот на гостинот, констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, а од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“.

 

По настанот Министерството за внатрешни работи најави дека во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на какви било кршење на законите.

Најнови вести од: Македонија

Алијансата за Албанците на Таравари го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд: „Не бил правичен и не важел еднакво за сите“!

Крилото на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од проектот „Безбеден град“. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Безбеден град’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме, за да важи секој закон за сите граѓани, на целата територија на Република Македонија“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците на Таравари

Градоначалникот на Кавадарци Јанчев најави повторно активирање на поранешно „Фени“

„Компанијата Голден игл’ – поранешно ‘Фени’, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници. Потоа ќе следи втора фаза со вклучување дополнителни 500 лица.“ – објави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на фејсбук. 

Јаневска: Не е добро да функционираат училишта со по неколку ученици

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците

To top