Македонија Спорт

АЕК ги обвини „локалните власти на Скопје“ за неодиграниот меч со Алкалоид!

Ракометниот клуб АЕК вечерва излезе со соопштение за неодиграниот реванш со Алкалоид од финалето на Европскиот куп, обвинувајќи ги за тоа „локалните власти на Скопје“?! „АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности. АЕК значи семејство, АЕК значи СОЈУЗ! Најголемата поддршка на АЕК низ историјата биле неговите навивачи. И непочитувањето на овој свет е исто така […]

Ракометниот клуб АЕК вечерва излезе со соопштение за неодиграниот реванш со Алкалоид од финалето на Европскиот куп, обвинувајќи ги за тоа „локалните власти на Скопје“?!

„АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности. АЕК значи семејство, АЕК значи СОЈУЗ! Најголемата поддршка на АЕК низ историјата биле неговите навивачи. И непочитувањето на овој свет е исто така непочитување кон АЕК. Вечерва, раководството на АЕК едногласно донесе тешка, но неопходна одлука.

Ниту една сила не може да му направи неправда на овој свет, како што се обидоа да направат локалните власти на Скопје, што кулминираше со тоа што не им дозволија на некои од нашите навивачи да ја преминат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок.

Сите сме тука, продолжуваме обединети, не преговараме за цената на АЕК“, се вели во соопштението на клубот од Атина, во кое не објаснуваат дали под „локални власти на Скопје“ ја подразбираат власта во Република Македонија или таа на локално ниво во Град Скопје.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top