Македонија

Ахмети: Албанците повеќе не трпат понижувања, сите да гласаат за НАИ, оти има голема национална мисија, интеграција на „РСМ“ во ЕУ!

Али Ахмети сега го „збогатува“ политичкиот речник: за себе и за своите сопартијци вели дека се не само „мисионери“, туку веќе и „визионери“, кои, ете, се „веќе оспособени“ да гледаат „далеку во европската иднина“…

„Националната алијанса за интеграција (НАИ) не е само за општински избори, туку има голема национална мисија: целосна интеграција на С.Македонија во Европската Унија.“ – кажа лидерот на ДУИ Али Ахмети на синоќешниот митинг во Куманово. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“:

Натаму порталот наведува: Според Ахмети, „НАИ е напредна и визонерска сила на албанската политичка сцена, за разлика, како што наведе, „од ‘дериватите’ од Демократската унија за интеграција, кои се оддалечиле од својата мисија и ги изманипулирале гласачите со лажни ветувања за промени“.

На митингот во Куманово Али Ахмети повика на „целосна мобилизација на албанските гласачи“ на локалните избори на 19 октомври, нагласувајќи ја „историската важност на овој момент за Албанците во С.Македонија“.

Ахмети побара од сите Албанци да ги поддржат кандидатите за  претседатели на општини и листите за советници на Националната алијанса за интеграција. „На 19 октомври ќе се гласа за албанската гордост. Секој глас е важен за заедничката иднина. Албанците повеќе немаат време да трпат понижување и лажно претставување.“ – рече челникот на „интегративците“ синоќа во Куманово. – извести „Тетова сот“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Нема веќе да има „предмети во фиока“

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин, вели Савевски кој денеска во Собранието треба да биде избран за нов државен јавен обвинител

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top