Македонија

Ахмети на роденденот на ДУИ: Почнавме од нула, си заминавме со премиер Албанец

Најзначајните достигнувања на нашата земја имаат печат на посветеноста на ДУИ, рече лидерот на прославата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се испофали на 24. роденден на неговата партија на прославата во Градскиот Парк во Скопје.

„Почнавме од нула, со 1-2 проценти Албанци застапени во институциите, успеавме да надминеме 20-22 отсто, во рок од две децении, во многу тежок процес. Никогаш не се наведнавме, не отстапивме од определбите што си ги поставивме. Почнавме од нула, заминавме со премиер Албанец, почнавме од нула, оставивме претседател на Собранието, почнавме од нула,  заминавме со стотици институции“, рече Ахмети.

„ДУИ 24 години во низа достоинствено ги претставува граѓаните, останувајќи најорганизираната, консолидирана и зацврстена. Како што е основана, со јасна мисија и силна визија, ДУИ и понатаму е автентичен глас на Албанците и на сите граѓани кои веруваат во еднаквост, демократија и интеграција. Најзначајните достигнувања на нашата земја имаат печат на посветеноста на ДУИ. Денешните предизвици и конфронтации, кои со право предизвикуваат загриженост, ќе ги надминеме заедно со единство и одлучност, враќајќи ја Северна Македонија на безбедниот пат кон западните вредности“, нагласи тој.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на маакедонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за античка историја со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. Денес, на 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

To top