Македонија

Ахмети презентираше споменик на Скендербег во кичевско(ФОТО)

Во селото Гаране, кичевско, вчера на Денот на албанското знаме, беше откриен споменик на Скендербег.

Во селото Гаране, кичевско, вчера на Денот на албанското знаме, беше откриен споменик на Скендербег.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека споменикот ќе биде вечен симбол на слободата, отпорот и националната гордост.

„Овој важен момент доаѓа токму на ден кога нашите срца чукаат посилно за црвено-црното знаме, потсетувајќи нè на патот на жртвата што нè донесе овде“, објави Ахмети на Фејсбук.

Тој нагласи дека во текот на денот се оддаде почит и на споменикот на Албанката мајка во Зајас, кој, според него, симболизира посветеност, жртва и безусловна љубов што го одржува семејството и нацијата живи со векови.

„Оваа двојна почит, на херој и мајка, нè потсетува дека нашата слобода и идентитет се заедничко наследство на мажите и жените кои дадоа сè за нашата иднина“, потенцира Ахмети.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (Samsung) истакнува како отворените екосистеми се клучот до вистинското ветување на “AI“ технологијата во домот на “CES 2026“

Самсунг (Samsung) на “Tech Forums” сесиите на “CES 2026“ собра лидери за интероперабилност на паметни домови на дискусија што ја дефинира индустријата

Разочарувачки е партија предводена од универзитетски професор да користи непримерен дискурс, рече Муцунски за јавните настапи на СДСМ

Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини – истакна министерот Муцунски при посетата на организацијата „Македонија 2025“.

To top