Македонија

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри и пак ќе добиеме вето

Премиерот со ироничен коментар

„Ако ги направиме уставните измени, ќе бидеме најдобри. Тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, фронтранери, па потоа ќе добиеме ново вето и нови проблеми“.

Вака, со доза на иронија, премиерот Христијан Мицкоски го коментираше делот од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година во кој се вели дека Македонија не направила обид за усвојување на уставните измени.

Премиерот не се согласува и со оценките дека други земји од регионот се пред Македонија на патот кон ЕУ. Тој тврди дека земјава е многу понапред од Албанија во осум области.

– Кога ќе се анализира состојбата и подготвеноста на државите, објективната оценка е дека Црна Гора е прва, на второ место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово. Но, треба да работиме и ќе работиме. Јас апсолутно сум фокусиран на реформите, оваа влада е реформска и ме охрабруваат пораките за реформите во делот на економијата, борбата против перењето пари, воведувањето заеднички платежен систем, царина, роаминг фри. Тоа ќе биде имплементирано така што има многу работи кои треба да се пофалат и тоа ме охрабрува“, изјави тој при посетата на Петровец.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top