Македонија

Акција против шверцери на цигари – приведени 13 лица

Во моментов во тек е операцијата „Филтер“ на Царинската управа за разбивање сложен организиран систем за шверц

Во акцијата се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, но и полициски и царински службеници.

Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и со надлежниот јавен обвинител, спроведе опсежна истрага со која се откриени повеќе случаи на организиран шверц на големи количини цигари и избегнување на плаќањето давачки во износ од неколку милиони евра.

Подетални информации за операцијата „Филтер“ се очекуваат од Царинската управа во текот на денот.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top