Македонија

Албанец од кумановско Лојане во трка за градоначалник на Цирих

Перпарим Авдили кој е со потекло од Македонија со години е активен на политичката сцена во тој швајцарски град

 

 

Авдили, со корени од Лојане, е кандидат за функцијата градоначалник на Цирих, еден од најважните градови во Швајцарија. Неговата кандидатура привлече особено внимание дури и кај албанската заедница, која претставува значаен дел од населението во овој град, објави Телеграфи.

Изборите ќе се одржат на 8 март, а Авдили ја започна кампањата од крајот на октомври, веднаш по добивањето на номинацијата од партијата, нагласувајќи дека сака Цирих понатаму да се развива и да се доживува како вистинска европска метропола.

Доколку победи, тој би станал една од првите личности од албанско потекло што ќе раководи со голем европски град, означувајќи важен момент за претставувањето на албанската дијаспора во швајцарската политика.

Роден во семејство на имигранти од Македонија, Авдил пораснал во Швајцарија. Неговиот татко првично работел како сезонски работник, а потоа го довел целото семејство. Тој често изјавувал дека семејството се погрижило децата да не го заборават албанскиот јазик и албанските традиции.

Авдили на 18-годишна возраст, тој започнал училиште за да стане автомеханичар, но подоцна ја напуштил оваа насока.

Откако работел во поштата, студирал бизнис и влегол во банкарскиот сектор, и покрај почетниот недостаток на искуство.

Подоцна работел во други банки и станал самостоен консултант за мали и средни претпријатија, градејќи успешна кариера во финансиите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top