Македонија

Албанија во „експресниот воз“ на ЕУ – „нереформираната“ Македонија и по 20 години (зап)оставена на „споредните шини“

Албанскиот премиер Рама се пофали дека неговата земја го „постигнува невозможното“: „апсолутен рекорд во напредокот на европската интеграција“, како што кажа. Но може и Македонија да се „пофали“ со еден, исто така, „невозможен рекорд“, кој засега, или и воопшто нема да имаат шанса да го постигнат другите држави-кандидатки за влез во „елитниот европски клуб“: „дремење“ од дури 20 години во „европската чекалница“, сѐ затоа што, колку пати и да го менува уставот, не успева никако да се „реформира“ како што ќе побараат другите од неа.

„Советот на Европската Унија ја објави агендата за седмата Меѓувладина конференција за пристапување на Албанија, која ќе се одржи на 17 ноември во Брисел.“ – објави информативниот портал „Ора њуз“ од Албанија.

Натаму порталот пишува: Според официјалното соопштение, со конференцијата ќе претседава Мари Бјер, данската министерка за европски прашања, која претседава со ЕУ во име на нејзината земја Данска. Конференцијата ќе започне во 8:00 часот, а по неа ќе следи прес-конференција околу 9:20 часот.

„Овој состанок ќе послужи за отворање преговори со Албанија за Група 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, вклучувајќи ги поглавјето 11 (земјоделство и селски развој), 12 (безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарни), 13 (рибарство и аквакултура), 22 (регионална политика и координација на структурни инструменти) и 33 (финансиски и буџетски одредби).“ – се вели на официјалната веб-страница на ЕУ.

Пред два дена албанскиот премиер Еди Рама го најави одржувањето на седмата меѓувладина конференција со ЕУ за отворање на последното поглавје од преговорите. Тој истакна дека со отворањето на оваа група поглавја „Албанија го постигнува невозможното“, бидејќи ги завршува сите преговарачки поглавја во рок од 12 месеци, со што, според него, „постигнува апсолутен рекорд во напредокот на европската интеграција“. – објави „Ора њуз“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top