Македонија

Али Ахмети подготви „метла“ за „седум истрошени и компромитирани личности“ од врвот на ДУИ?! – А ќе има ли и за него и кога?!

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети подготви список на имиња, за кои се очекува да го напуштат раководството на партијата, отворајќи го патот за нови, професионални личности без негативен багаж. Меѓу првите, што заминуваат, се: Фатмир Дехари, Муса Џафери, Џеват Адеми, Теута Арифи, Рамиз Мерко, Садула Дураку и Реси Абдурахмани. Нивното заминување од раководната структура се смета како прв сериозен сигнал за длабока реформа и за изградба на пофункционална и подоверлива ДУИ. Долгото останување на овие луѓе во врвот на партијата создаде претстава за една затворена и крута структура, неспособна за реформи и да им понуди надеж на гласачите, особено на младите.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, изнесувајќи сознанија за наводна можна чистка во раководството на ДУИ, која би се извршила на нејзиниот конгрес, закажан за 20 декември 2025 година.

Се очекува 20 декември да биде решавачки датум за ДУИ. Или зелено светло за преродба и длабока реформа, или црвено светло, што ќе го потврди продолжувањето на политичкиот пад. По тешкиот пораз на локалните избори ДУИ се наоѓа пред историски тест, при што коренитите промени во тесната раководна структура се претставени како главен услов за преживување и силно враќање. – нагласува „Тетова сот“ во својата информација со наслов „ДУИ пред историски тест: првите 7 имиња на личности од претседателството, кои ќе ги отстрани Али Ахмети на 20 декември?“.

Повикувајќи се на свои извори на информации, порталот натаму пишува: Иако Али Ахмети ќе продолжи да ја води партијата што произлезе од војната, порталот Тетова сот дознава дека тој, како лидер на ДУИ, сфатил дека е невозможна вистинската реформа без отстранување на истрошените и компромитирани личности во очите на јавното мислење. Токму овие личности, со својата политичка долговечност и повторувани постапки, ѝ нанеле сериозна штета на претставата за партијата во јавноста. Оваа листа не е конечна.

На 20 декември се очекува широк бран разрешувања и реорганизирања, при што многу други личности ќе бидат заменети со нови кадри, политички непотрошени и со јавна доверливост. Се очекува Али Ахмети да интервенира во партиските ограноци, каде што ќе се прават промени во раководството. Се очекува неколку сегашни претседатели на ограноци да бидат заменети со нови личности, за да се врати ДУИ како доминантна сила на претстојните избори и како партија што ќе зрачи надеж, нова енергија и политичка доверливост. – објави „Тетова сот“

Најнови вести од: Македонија

Музички настапи ја одбележаа првата вечер од 17-то „Карпошово културно лето“

Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија […]

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

To top