Македонија

Алиу: Не забрануваме пушење, туку строго дефинираме каде може да се пуши

Над 45 проценти од населението кај нас се активни пушачи, а цактивен пушач значи повеќе од 18 цигари на ден, и бројката на активни пушачи во Македонија е голема

На ова предупреди министерот за здравство, Азир Алиу во „Директно“ на Телма ТВ во врска со најавениот закон за заштита од пушењето.

„Ние не забрануваме пушење, туку строго дефинираме каде може да се пуши, посочи Алиу.

Нагласи дека научно е докажано дека и пасивното пушење е штетно колку и активното, а тие како Министерство за здравство прават анализа за здравствените проблеми кои се поврзани со пушењето.

„Од првиот ден рековме дека ќе креираме политики базирани на податоци и на потреби. Податоците покажуваат дека дел од здравствените проблеми кај граѓаните во државата директно се поврзуваат со активно пушење. Анализирани се голем број на клинички случаи кои што се пасивни пушачи и исто така имаат здравствени проблеми, дали канцер на бели дробови, дали кардиоваскуларни проблеми, а кои научно се докажани дека се поврзани со пушењето“, рече Али

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top