Македонија

Апсурди на ДУИ: бара предвремени парламентарни избори и, ако би се вратила во владата, да не одговара пред премиерот, туку пред граѓаните?!

Пренесувајќи го ставот на неговата партија ДУИ и нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ), Арбер Адеми со барањето да се одржеле предвремени парламентарни избори поправо се обидува да ги оспори резултатот од ланските парламентарни избори и политичката волја на граѓаните, кои гласале за ВМРО ДПМНЕ и другите партии, што ја сочинуваат сегашната Влада на Република Македонија. „Ќе треба да се одрази вистинската волја на граѓаните во составот на владејачките институции!“ – бара Арбер Адеми во име на ДУИ и НАИ, но дали мисли дека лани не била одразена вистинската волја на граѓаните?! Само затоа што ДУИ не е повеќе на власт, по две децении, би морала да им се исполни незгасливата желба да бидат доживотно во власта, па пак да се оди на парламентарни избори – барања и ставови на ДУИ, кои се далеку од реалноста и нормалната политичка пракса во секоја држава во Европа и светот.

Арбер Адеми, потпретседателот на ДУИ и едновремено претставник на Националната алијанса за интеграција, упати „повик за одржување предвремени парламентарни избори“ вечерва во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

Телевизијата ги наведува покарактеристичните искажувања на Адеми во овој контекст: „Да одиме на предвремени парламентарни избори, не за ДУИ, туку победникот нека биде во Владата. Ако мислат овие дека дека ќе победат, нека влезат во владата како победници. Бидејќи има и психолошка предност – кога гласот го одредува вашето место во Владата, вие сте одговорни пред граѓанинот, а не пред премиерот.“ – изјави Адеми.

Според него, „гласот на граѓаните е тој што треба да го одреди составот на владата, а не политичките договори по изборите“. „Гласот на граѓаните ве носи на таа маса, затоа велиме: победникот нека влезе, а не ДУИ. Бидејќи кога се бараат предвремени избори, овие луѓе, знаејќи дека се без легитимитет, веднаш велат дека ДУИ сака власт.“ – додаде Адеми.

Тој нагласи дека „барањето за предвремени избори доаѓа како потреба за враќање на политичкиот легитимитет и одразување на вистинската волја на граѓаните во составот на владејачките институции“. – објави ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top