Македонија

Бесплатен паркинг за време на новогодишните и божиќни празници

Утре, но и на 6 и 7-ми јануари) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните

 

„На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2026 година (петок) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (вторник), 07.01. (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2026 година (четврток) со вообичаено работно време.

Депото на ‘Пајак’ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и затворените паркиралишта ‘Дилајла’ со автоматска наплата и ‘Трготекстил’, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.

Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници“.

 

Најнови вести од: Македонија

Младите умни ученици покажуваат дека во науката и Давид може да го победи Голијат (ГАЛЕРИЈА)

Претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Весна аневска изразија желба догодина повторно да се сретнат со уште поголем број ученици, добитници на признанија за постигнатите успеси во натпреварите ширум светот

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

To top