Македонија

Бети Стаменкоска Трајкоска: Засилено чистење и редари против диви депонии

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа најави дека…

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, најави дека „Во првите 72 часа, со поддршка на Град Скопје и идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, во една тимска акција, ќе пристапиме кон средување на општината Кисела Вода и Градот Скопје, во насока на справување со предизвиците во делот на чистотата“.

Таа истакна дека во текот на четиригодишниот мандат ќе се продолжи со одржување на континуитетот на проекти поддржани од актуелната Влада, заедно со дополнителни иницијативи од нејзината програма за квалитетен живот на граѓаните. Меѓу нив се: „– Станува збор за пешачко велосипедска патека, обиколка на Кисела Вода, организирање и континуитет на процесите во образованието и градинките, средување на училишните дворови, со оплеменување на дополнителна опрема и сето она што значи како иновација во училиштата, а тоа е училници на отворено. Во нашата програма се ставени и сите оние дополнителни проекти кои ќе значат оплеменување и креативност во наставата, но исто така и дополнителна поддршка, а тоа е процесот на климатизација“.

Еден од приоритетите е системското уредување на хигиената за чиста животна средина, при што таа рече: „– Со засилено чистење, миење на улиците и јавните површини, поставување на нови места дополнителни за отстранување на отпад, организирање акции за отстранување на диви депонии, како и со одржливо управување со отпадот, дополнително ќе ги зголемиме можностите за селекција на отпадот. Имаме во нашата програма долгорочни активности кои ќе значат одржување на редот со таканаречени редари кои ќе помогнат во сите тие активности“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top