Македонија

Бојковска: Со оставката на Коцевски падна и последниот бедем на СДС

„Менувањето на државниот јавен обвинител ќе биде чекор кон создавањето независно судство.“ – изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

„Јас би ја оценила оваа оставка на државниот јавен обвинител како победа на граѓаните на Република Македонија, бидејќи беше нужно потребно да се случи час поскоро, бидејќи сведочевме на период во којшто имавме голема недоверба на судството, ова нека биде првиот чекор во којшто можеме да направиме една посериозна реформа.“ – нагласи пратеничката Бојковска и додаде:

„Најлесно за нас ќе беше уште од почетокот на доаѓањето на власт да бидеме исти како претходната влада, кога Заев во многу брз рок го промени државниот јавен обвинител и си постави негов, тоа ќе беше најлесно за ВМРО-ДПМНЕ, но покажавме една големина и оставивме доволен простор за Коцевски да го докаже спротивното, видовме дека немаме никакви реформи, со давањето на оставката на Коцевски падна последниот бедем на СДС“.

Бојковска посочи дека менувањето на државниот јавен обвинител ќе биде чекор кон создавањето на едно независно судство. „Менувањето на овој државен јавен обвинител нека биде чекор кон создавањето на едно независно судство, постапката за новиот државен јавен обвинител ќе биде многу транспарентна, секој еден којшто ќе ги исполнува квалификациите за државен јавен обвинител ќе има можност да биде сослушан. Час поскоро ни е потребно независно судство, а и во овие 16 месеци ние покажавме дека не должиме никому и секој што се огрешил пред законот ќе одговара“, посочи Драгана Бојковска од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top